• Latest

НСДП: Иванов да ја определи својата сопруга за мандатар!

March 2, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

НСДП: Иванов да ја определи својата сопруга за мандатар!

March 2, 2017 14:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата социјалдемократска партија на Македонија (НСДП) смета дека Иванов го „турка виорот на афективното и ирационално однесување“ и му порачува да го следи „примерот на шефот на Азербејџан, Илхам Алиев“ 

„Веќе на сите им е јасно дека причините за вашето политичко однесување не можат да се бараат во принципите на здраворазумското и рационално размислување, туку во некој ваш личен страв или уцена која Ве турка во виорот на афективното и ирационално однесување. Преку вашата истрајност во непочитувањето на Уставот и законите, како да сакате својата лична трагедија да ја колективизирате, да ја наметнете на сите граѓани на Македонија, сé со единствена цел – да го задоволите вашиот наредбодавец, кој грчевито се обидува да се спаси себеси и својата криминална клика од одговорноста за сите злодела кои ги направија на државата. Од вашата покорност, не можете да видите дека вашиот претпоставен, кому еднаш му го дадовте мандатот, нема ниту морален, ниту политички капацитет, да обезбеди 61 пратенички потпис, како основа за продолжување на неговото владеење. Не можете да го согледате изолирањето на државата и нејзиното туркање во провалијата на хаосот и поделбите“, се вели во соопштението.

НСДМ упати и предлог до Иванов, „кога веќе одлучил да не ги почитува принципите на кои се заснова демократијата“:

„Бидејќи на Зоран Заев не сакавте, а му ветивте, да му го дадете мандатот за состав на влада, а имајќи предвид дека принципите на демократијата за вас не претставуваат никаков императив или извор на политичко однесување, во овој момент, ви предлагаме својата ‘историска мисија’ да ја завршите на еден оргинален начин, кој за момент може да ве извади од сенката на наредбодавецот. А тоа е – да го следите примерот на шефот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој својата сопруга ја именува за прв потпретседател на земјата:  и вие, својата сопруга да ја определите за мандтар за состав на нова влада. Само на тој начин, може да го компензирате неисполнувањето на вашата желба – Груевски да биде повторно премиер, бидејќи ниту нови избори нема да му ги донесат толку посакуваните 61 пратеник“, велат од НСДП.

Tags: Ѓорге ИвановмандатНСДПреакцијасоопштение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ