Како резултат на гранатирање, на 2 ноември беа оштетени последните два високонапонски далноводи на нуклеарната централа Запорижја, што ја поврзуваа со украинскиот електроенергетски систем. Во средата (синоќа) во 23:04 часот, централата влезе во режим на целосно затемнување. Активирани се сите 20 дизел генератори, пренесува Укринформ.
Во моментов, шемата за напојување за сопствените потреби на централата е оптимизирана, така што девет дизел генератори остануваат во функција. Енергетските единици 5 и 6 се префрлени во ладна состојба.
Од Енергоатом посочуаат дека има доволно гориво за напојување на дизел генераторите кои се потребни во режим на целосно затемнување 15 дена.
„Поради окупацијата на централата и мешањето на руските претставници во нејзината работа, можностите на украинската страна да одржува безбедни операции во ЗНПП се значително ограничени“, истакнаа од Енергоатом.
Операторот уште еднаш апелираше до меѓународната заедница „со повик итно да преземе мерки за најбрза можна демилитаризација на ЗНПП, отстранување од централата и Енерходар сите руски сили и враќање на нуклеарната централа Запорижја под целосна контрола на Украина, заради безбедноста на целиот свет“.












