• Latest

Нулта толеранција за насилството

October 2, 2017
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нулта толеранција за насилството

October 2, 2017 14:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светот го дочекува Денот на ненасилството, 2 Октомври, со полициска бруталност: 840 повредени граѓанки и граѓани и 30 полицајци во Каталонија, на референдумот за независност. Референдум што на 5,3 милиони граѓани со право на глас требаше да им обезбеди слободно да одлучат за себе и за сите жители на Каталонија, за или против независност, со полното демократско право.

Она што добија е демонстрирање на „демократија“, преку сите форми на полициска бруталност и кршење на човековите права и слободи.

Македонија, пак, го дочекува Денот на ненасилството, со првиот оружен инцидент во Кичево, каде настрада независниот кандидат за градоначалник, случај чии мотиви уште се непознати, а и ако е криминален, во екот на локалните избори и тој добива и изборен контекст.

Денот на ненасилството треба да претставува повод за ширење на пораката за мирно разрешување на конфликтите, ненасилна борба за слобода, право на живот без страв и промени по пат на разбирање и меѓусебно почитување. Овој ден треба да потсети дека едукацијата и подигањето на јавната свест е процес што трае во континуитет за секоја следна генерација.

И ако е тоа така, насилството го засенува ненасилството, а пораката „Око за око – го прави целиот свет слеп“ на Махатма Ганди само ја врамува сликата што светот ја има сам за себе.

Врвот на промените во демократијата го засенуваат режимските системи, а идејата за компромис се коси со борбата за слободата во сите нејзини форми.

Со насилството не се преговара, а слободата е бескомпромисна. Затоа, „биди промената што сакаш да ја видиш во светот“, но ако промените водат кон деструкција и насилство, тогаш дали е тоа светот во кој сакаме да живееме?

Македонија, од друга страна, креативно, шарено, но и крваво, излезе од зачмаеноста на еден децениски режим, очекувајќи брзи и коренити промени што ќе гарантираат поинаков принцип на однесување кон човековите права и слободи и демократско општество што ќе гарантира ненасилство, мир и просперитет.

Концептот за промени подразбираше и распишување избори на локално ниво. Избори од кои се очекува да бидат без насилни и вооружени инциденти. Со исклучок на инцидентот во Кичево, ништо не наведува дека насилството ќе „царува“ и дека духот на демократијата ќе биде вознемирен.

ЦИВИЛ, како организација што од почетокот на своето постоење ги следи принципите на ненасилството, со долгогодишно искуство во изборното набљудување, повикува на почитување на гласачкото право на секој граѓанин и граѓанка и на мирни избори без насилство од секаков вид, со гаранција дека слободната волја за одлучување ќе им биде гарантирана.

Своето изборно набљудување ЦИВИЛ секогаш го започнува со порака и повик до сите инволвирани субјекти во изборниот процес да се водат по принципите на ненасилство и да обезбедат непречен и слободен тек на изборниот процес во интерес на граѓанките и граѓаните.

„Нулта толеранција за насилството и изборните нерегуларности!“ – е мото според кое ЦИВИЛ се води и овие избори. Да не се повтори 2008, година на тешки изборни нерегуларности и екстремно насилство во изборниот процес, кога животот го загуби едно лице, а изборниот процес беше исполнет со тешки и насилни инциденти. Инцидентот во Кичево да добие своја разрешница, а сите инволвирани страни во духот на демократијата и почитувањето на човековите права и слободи, да обезбедат слободни и ненасилни избори каде секој граѓанин и граѓанка ќе можат слободно и непречено да гласаат  – е цврстиот став на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Според резолуцијата A/RES/61/271 на Генералното собрание на Обединетите нации од 15 јуни 2007 година, Денот на ненасилството  треба да ја продлабочи политичката и општествена волја за обезбедување култура на мир, толеранција, разбирање  и ненасилство.

Или ако ја следиме максимата на Ганди, тогаш секој ден треба да биде потсетник дека ненасилството е „посилно од најмоќните оружја за уништување осмислени од генијалноста на човекот“.

Биљана Јордановска

 

 

Tags: Махатма Гандиненасилствонулта толеранција за насилствоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ