• Latest

НВО бараат Собранието пред да се распушти да ги откочи медиумските реформи

November 8, 2019

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

НВО бараат Собранието пред да се распушти да ги откочи медиумските реформи

November 8, 2019 13:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието што побргу да го заокружи изборот на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на јавниот сервис МРТ затоа што веќе во февуари ќе се распушти поради предвремените парламентарни избори, а Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и да биде потранспарентна, меѓу останатото, за тековното разрешување на раководството и да прекине со праксата за донации.

Тоа се дел од препораките во денеска презентираниот четврти мониторинг извештај за работата на АВМУ и на АЕК за периодот мај-август годинава.

– Реформите во медиумската сфера, вклучително и изборот на новите членови на Советот на АВМУ и  Програмскиот совет на МРТ се закочени од Собранието. Европската комисија во извештајот за 2019 година објавен во овој период на мониторинг укажа дека примената на законските измени бара силна политичка посветеност, рече на презентацијата на извештајот Билјана Бејкова, извршен директор на НВО-Инфо центар, која е дел од носителите на проектот за мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите.

Во проектот се вклучени и Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Советот на АВМУ, информира Бејкова, во мониторираниот период повторно поведе постапка за испитување на сопственоста на 1ТВ, а во екот на случајот рекет  на критиките од Здружението на  новинари јавно реагираше дека како регулаторно тело има ограничени ингеренции во следењето на потеклото и текот на каипталот во медиумите. -Случувањата поврзани со 1 ТВ за нас се показател за  потребата од креирање соодветна политика, регулатива и ефикасни механизми за следење на сопственичката структура во медиумите, вклучително и текот на парите, наведе Бејкова.

АВМУ, според извештајот, покажала конкурентност во отчетното и транспарентно работење, активност на полето на медиумската писменост, а забележано е и зачестено реагирање за притисоци  и вербални напади врз новинари и медиуми од страна на политичари, што, потенцираше Бејкова, не беше постојана навика во минатото кога имаше поголем број такви случаи.

Извештајот, пак, во делот за АЕК, препорачува регулаторот да не издвојува средства за донации, откако ја вратила таквата пракса со измените на Финансискиот план за годинава и по тој основ одвоила 6.150.000 денари.

Горан Лазаров од Центарот за граѓански комуникации соопшти дека Извeштајот покажува дека АЕК продолжило со добрата практика најголем дел од информациите  да ги објавува на трите интернет страници, но оти и натаму недостасуваат информации што се важни за јавноста, како што е промената во составот на Комисијата на АЕК како највисoко тело и биографиите на членовите на Комисијата и на извршниот директор.

Лазаров информираше дека на 14. состанок Комисијата на АЕК ја  разрешила досегашната претседателка на Комисијата Гордана Клинчарова и на нејзино  место го поставила Стевица Јосифовски, кој е еден од двајцата новизбрани членови на оваа Комисијата. На барање на новизбраниот претседател на Комисијата е почната постапка за  разрешување на директорот на АЕК Сашо Димитријоски. За предлогот гласале тројца од пет  членови и формалното разршување на директорот треба да следи  на состанокот на кој ќе му биде овозможена одбрана за ставовите посочени  на состанокот. Изненадува, укажува Лазаров, тоа што во записникот не може да се најдат никакви информации за причините за разрешување на претседателката на Комисијата и на извршниот директор. – Критериумите за разрешување се навистина високи, како несовесно извршување на функциија, работење спротивно на статутот и деловникот за работа и затоа е важно јавноста да биде информирана за причините, рече Лазаров.

За АЕК се препорачува и да изработи комуникациска стратегија, во која детално ќе бидат разработени каналите и начините преку кои регулаторот ќе се доближи до граѓаните.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ