• Latest

О’Флаерти, комесар за човекови права на Совет на Европа: Северна Македонија да го надмине јазот меѓу обврските и реалната состојба на човековите права на Ромите

July 29, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

О’Флаерти, комесар за човекови права на Совет на Европа: Северна Македонија да го надмине јазот меѓу обврските и реалната состојба на човековите права на Ромите

July 29, 2025 10:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, објави меморандум за човековите права на Ромите и импликациите врз човековите права од сериозните еколошки предизвици во Северна Македонија, по неговата посета од 22 до 25 април 2025 година.

Во врска со човековите права на Ромите, комесарот ја пофалува долгогодишната посветеност на Северна Македонија, особено преку Националната стратегија за вклучување на Ромите (2022–2030). Тој ги признава напорите на владините тела, Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и ја забележува клучната улога на граѓанското општество во јакнењето на ромските заедници. Тој го поздравува вклучувањето на жените Ромки во сите овие структури.

Комесарот го забележува напредокот во пристапот на децата Роми до образование и ги истакнува добрите практики. Сепак, тој повикува на подобрен пристап до предучилишна возраст; насочени напори за намалување на стапките на напуштање на училиштето преку решавање на клучните причини, вклучувајќи ја сиромаштијата, миграцијата и раните бракови; и акција за справување со тешката положба на околу 400 деца на улица. Тој ја нагласува потребата од елиминирање на училишната сегрегација на ромските деца преку спроведување на правилата за подрачјето на опфат, локални планови за десегрегација дизајнирани со придонес од Ромите, информирање на родителите кои не се Роми и следење на напредокот преку национално мапирање на засегнатите училишта. Тој охрабрува континуирана посветеност на спроведувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Елмазова против Северна Македонија.

Во врска со полициското работење и правдата, иако го поздравува признавањето на полициското насилство врз Ромите како манифестација на антициганизам во националната стратегија, Комесарот изразува загриженост во врска со континуираните извештаи за етничко профилирање, прекумерна употреба на сила за време на апсењата и неказнивост за случаи на незаконска употреба на сила. Тој препорачува властите да го повторат својот став за нулта толеранција за полициско насилство, вклучително и врз Ромите. Ова треба да биде проследено со ефикасни истраги за наводите за злоупотреба, вклучително и можни расистички мотиви, и акција за борба против неказнивост за такви дела. Тој, исто така, препорачува зајакнување на Механизмот за надворешен надзор.

Комесарот дополнително го пофалува напредокот во искоренувањето на бездржавјанството и подобрувањето на граѓанската регистрација кај Ромите, што е клучно за да се обезбеди пристап до човековите права. Тој препорачува целосна имплементација на новите законски рамки и проактивно ангажирање со ранливите заедници за да се спречат идни случаи.

Комесарот, исто така, изразува загриженост за еколошките ризици што непропорционално влијаат врз Ромите, вклучувајќи го загадувањето на воздухот и отпадот, недостатокот на санитација и исклучувањето од јавните услуги. Тој го забележува позитивниот придонес на Ромите кои неформално рециклираат отпад и е импресиониран од социјалните иницијативи за нивно формално признавање и вработување.

Осврнувајќи се на пошироките еколошки прашања, Комесарот ја забележува силната законска и политичка рамка и меѓународните обврски на Северна Македонија, вклучувајќи го уставното признавање на правото на здрава животна средина, криминализирањето на екоцидот и ветувањето за постепено укинување на јагленот. Сепак, слабата имплементација негативно влијае на здравјето и човековите права, при што градови како што се Скопјe, Битолe и Тетово се меѓу најзагадените во Европа. Предизвиците остануваат во управувањето со отпад, контролата на загадувањето и јавниот пристап до информации за животната средина.

Пристапот до ефикасни правни лекови е клучен за обезбедување пристап базиран на човекови права во борбата против деградацијата на животната средина. Во светлината на Општата позиција усвоена од Врховниот суд во октомври 2024 година, која го потврдува правото на чист воздух, Комесарот препорачува да се обезбеди судовите да бидат овластени да се справуваат со повредите на човековите права во животната средина. Тој, исто така, препорачува обука за судии и обвинители за меѓусебната поврзаност помеѓу животната средина и човековите права.

Комесарот дополнително ја забележува потребата од поддршка на бранителите на човекови права во животната средина, вклучително и преку пристап до финансирање и заштитни мерки против досадни тужби.

Конечно, Комесарот забележува дека земјите-членки имаат позитивна обврска според Европската конвенција за човекови права да се справат со ефектите од климатските промени. Повикувајќи се на пресудата на Европскиот суд за човекови права „Вереин Клима Сениоринен Швајц и други против Швајцарија“, тој препорачува што е можно поскоро усвојување на Законот за климата, воспоставување оперативен инвентар на стакленички гасови и ажурирање на Националниот утврден придонес според Рамковната конвенција на ООН за климатски промени. Тој, исто така, ја забележува потребата од зајакнување на процедуралните заштитни мерки преку пристап до јавни информации, учество и одговорност во еколошките процеси.

Како кометар на Меморандумот, Министерството за образование и наука го информираше Комесарот дека е „првото министерство кое успеало да ги воведе сите мерки од Националната стратегија за Ромите и Акционите планови за образование како одржливи политики за образование на Ромите, со нивно вградување во Законот за образование“.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ