• Latest

Објавен огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“

February 28, 2018

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Објавен огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“

February 28, 2018 13:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска, па во наредните десет дена, сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица  можат да поднесат пријава до Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) за учество на јавното наддавање за  блиндираниот „Мерцедес-Бенз С 600“. 

Почетната цена на наддавањето изнесува 14.372.208 денари и е одредена врз основа на направената проценка од стрна на Министерството за правда и Бирото за судски вештачења, а огласот е објавен во денешните изданија на весниците „Нова Македонија“, „Слободен печат„ и „Коха“.

Пеце Мирчески

– Сериозноста на понудата заинтересираните ја гарантираат со доставување на банкарска гаранција во износ од два процента од проценетата вредност на возилото, односно 287.444 денари, прецизира директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, на денешната прес конференција во Владата.

Тој посочи дека дополнителен услов за физичките лица е да бидат деловно способни, да не им е изречена правосилна  пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари и да ги имаат платено сите даноци и придонеси кон државата. Правните лица, пак, треба  да достават и тековна состојба, како и потврда дека не им е изречена казна за привремена или трајна забрана за вршење на дејност.

– Заинтересираните лица ќе можат да го разгледаат возилото на 7 март во периодот  од 10 до 15 часот на адресата  Бул. „Гоце Делчев“ бб во гаражата на објектот на МРТВ. По истекот на рокот за доставување на понуди на 12 март Комисијата ќе има рок од три дена за евалуација на понудите, а јавното наддавање ќе се изврши на 16 март во 10 часот по пат на електронска аукција на интернет страницата на  Министерството за финасии. Понудувачот кој ќе достави најповолна понуда во рок од  15 дена од добивањето на известувањето за избор ќе треба да ја уплати сумата преку сметка во банка во Македонија по што ќе се склучи договор за купопродажба во рок од пет работни денови  по извршената уплата. Доколку купувачот не ја плати целосната сума договорот нема да се случи, а банкарската гаранција ќе биде активирана, рече Мирчески.

Нагласи дека сите давачки кои ќе произлезат околу преносот на возилото и јавните  давачки утврдени со закон ќе паднат на товар на купувачот.

Дополнителни информмации заинтересираните може да се побараат на електрнската адреса info@sozr.gov.mk.

Прашан со што ќе се превезуваат високите делегации кои ќе доаѓаат во земјава по продажбата на „мерцедесот“, Мирчески рече дека за безбедноста на странските делегации е задолжено МВР и додаде дека земјава располага со уште две блиндирани возила кои се во употреба и може да се користат за таа намена.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МВРМерцедес. огласпродажба
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ