• Latest

Обезбедени протоколи за безбеден попис, опозицијата бара да се одложи за септември

March 12, 2021

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Обезбедени протоколи за безбеден попис, опозицијата бара да се одложи за септември

March 12, 2021 09:47
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек се подготовките за спроведување на пописот во земјава што треба да почне на 1 април. Државниот завод за статистика вели дека не е побарано негово одложување заради Ковид-19, а надлежните тврдат дека се обезбедени сите здравствени протоколи за безбедност на попишувачите. Во меѓувреме, опозицијата со писмо до меѓународни фактори бара одложување на пописот за во септември.

Државниот завод за статистика вчера ги отфрли пишувањата на некои медиуми дека бара одложување на Пописот заради состојбата со корона вирусот. Заводот информира дека забрзано се подготвува за теренските пописни активности кои се одвиваат во согласност со планираните рокови.

-Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе започне на 1 април 2021, соопштија од ДЗС.

Со цел обезбедување поголема безбедност на попишувачите кои ќе го спроведат Пописот на населението, надлежните подготвија и соодветни здравствените протоколи.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера изјави дека се подготвени и за правење тестови, и оти има капацитети да се направат и да се промени протоколот доколку има потреба.

Сепак, тој смета дека и сегашниот протокол е доволен за заштита од Ковид-19.

фото: МИА

-Имаме капацитет да ги направиме сите потребни тестови. Меѓутоа, тоа не беше ставено во протоколот. Можеби треба да се промени. Апсолутно со сите капацитети ќе излеземе во пресрет да обезбедиме безбедност. Мислам дека самиот протокол којшто вклучува и на попишувачите и на граѓаните е сосема доволен затоа што ги прати истите принципи на превенција на болеста. Никаде каде што имаше почитување на принципите на превенција ние не видовме проблем. Само таму каде што имаше прекршување на мерките, изјави Филипче.

Според директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, пописот би се одложил само ако Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно тој да се спроведува.

Тој вчера изјави дека единствените кои можат да предложат одложување на пописот поради Ковид е Комисијата за заразни болести. Доколку тие оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука.

Процедурата е таква, смета директорот, и оти Комисијата одлучува за тоа, па Државниот завод за статистика во тој дел не може ништо да влијае.

– Ако даде препорака, оди во процедура, на Кризниот штаб, па на Влада. Меѓутоа за да ние евентуално одложиме треба на крајот да се промени и Законот, што значи измена на законското решение, а тоа е огромна процедура, оценува Симовски.

ДЗС ја следи целата ситуација и евентуално ако Комисијата донесе препорака и таа се процесира, тие ќе ги почитуваат сите тие работи. Но во моментот, вели директорот, Заводот не може, а ниту има овластување да оценува што било и да бара какво било одложување.

Како што е објавено на Фејсбук страница за претстојниот Попис 2021 во Република Северна Македонија, во секое домаќинство попишувањето ќе го прави еден попишувач.

Опозицијата, пак, бара одложување на пописот за во септември, и останува на ставот дека негово спроведување во април може да предизвика ризик за здравјето на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера напиша писмо до амбасадорите кои го преставуваат меѓународниот фактор во земјава, во кое предлага пописот да се одложи за во септември.

Мицкоски не се сомнева во потребата од кредибилен попис, но според него, во овој момент не е време за негово одржување.

Тој во писмото наведува дека борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостиг од вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик јавното здравје.

-Ние мора да сме фокусирани пред се на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза ние можеме повторно да се насочиме на пописот, стои во писмото од Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, прашања како пописот во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус.

– Во оваа динамична ситуација, каде ситуацијата на терен се менува на дневно ниво, се плашам дека одиме кон уште еден голем предизвик за јавното здравје. Во оваа насока пописот би можел да создаде Ковид кластери, посочува Мицкоски во писмото.

Како дел од решението тој предлага пописот да биде одложен за септември, за да се остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи.

Во меѓувреме тече првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите, со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност почна на 1 март, а ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, што ќе започне на 1 април.

Според податоците на ДЗС, до вчера изутрина, попишани се 47 794 лица од дијаспората

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ