Деновиве граѓаните добиваат пораки со невистинита содржина, во кои повторно се злоупотребува заштитеното име на АД „Пошта на Северна Македонија“ со кои се известуваат за пристигнати пратки и се повикуваат да ја потврдат својата адреса на понуден линк.
АД „Пошта на Северна Македонија“ потенцира дека не стои зад известувањата.
Секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и подлежи на кривична и друга законска одговорност, стои во соопштението.
Од компанијата ги повикуваат граѓаните за сите информации во врска со нивните пратки и работењето на Пошта, да го посетат официјалниот веб-сајт www.posta.com.mk.
Воедно, од АД Пошта на Северна Македонија се заблагодарија на сите што го пријавуваат секој обид за измама и злоупотреба на Пошта.
М. Д.