• Latest

Обид за предизвикување етничка омраза преку дезинформации врз основа на контроверзниот извештај на Дик Марти од 2010 година

August 23, 2022

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Обид за предизвикување етничка омраза преку дезинформации врз основа на контроверзниот извештај на Дик Марти од 2010 година

Целта на дезинформациите во дел од македонските медиуми е да се придружи кон тековната националистичка кампања во организација на антизападните и проруските ентитети и инсталации во земјата, преку внесување страв и паника во јавноста и предизвикување етничка омраза и поделби. Доколку наиде на поширок одѕив, националистичката кампања во земјата има потенцијал да предизвика политичка и безбедносна нестабилност и криза што ќе ја одвлече Северна Македонија од евроатлантските интеграциски процеси.

August 23, 2022 10:16
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Во екот на изборниот ден во трите општини Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово, каде што по третпат се одржуваат локални избори, на 20 август 2022, се појави текстот под наслов „Ценовник на УЧК, еве за колку кеш продаваат срце и бубрези од Срби?“ (*) во интернет порталот мкденес.мк (mkdenes.mk).

Се работи за пропаганден текст полн со дезинформации, чија основна цел е да предизвика омраза кон Албанците во момент кога се гласа во општини со мешан етнички состав.

„Органите на Србите киднапирани во Косово кон крајот на 1990-тите се продаваа на црниот пазар по следните цени: срце на Србин 150.000 евра, бубрег 30.000 евра, пет литри крв 5.000 евра ако е ‘нулта негатив’“ – пишува во првиот параграф на текстот. Не е наведен ниту извор, ниту линк со кој може да се оправда ова тврдење.

Самиот наслов „Ценовник на УЧК, еве за колку кеш продаваат срце и бубрези од Срби?“ ги наведува читателите да помислат дека се работи за грозоморна трговија која се одвива сега, во ова време. Прашалникот и извичникот на крајот на насловот немаат функција.

Потоа следат шпекулациите за тоа дека косовските политички лидери, претходно и лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК или во оригинал: UÇK), Рамуш Харадинај и Хашим Тачи, како и портпаролот на ОВК, Јакуп Красниќи, „заработиле милиони на овој начин“. И толку.

Хорор приказна без покритие

„Органите на Србите, Ромите и нелојалните Албанци биле вадени на неколку локации – најчесто во Албанија – вклучувајќи ја и злогласната „жолта куќа“. Жртвите обично не биле заспивани пред да се земат органите, туку биле исечени и живи искасапени. Веднаш по отстранувањето, органите биле ставени во посебни фрижидери и транспортирани“ – пишува во оваа манипулативна хорор сторија, повторно без да се наведе извор и линк, а ниту време за кое се тврди дека вакво нешто се случувало.

Обид за „верификација“

Подолу во текстот, сепак, се прави обид да се „верификуваат“ тврдењата во текстот со наведување дека овие наводи се дел од „исказот на сведокот соработник во случајот со трговија со органи, наведен во меѓународната истрага под заштита на ООН.“

Текстот не наиде на поширок одѕив во јавноста, но предизвика коментари со говор на омразата и повици на насилство и „истребување“ по етничка основа од неколку корисници на социјалните мрежи.

Потекло на дезинформацијата: Контроверзниот извештај на Дик Марти од 2010 година

За што, всушност, се работи? Голем дел од дезинформациите потекнуваат од факти или полувистини, а при нивното креирање се води сметка за нивното влијание врз емоциите на публиката.

Во случајот што се обработува овде, се работи за пропаганден текст чија основа е контроверзниот „Извештај на Дик Марти“ од 2010 година. Авторот на извештајот, поранешен обвинител од швајцарскиот кантон Тичино, беше член на Парламентарното собрание на Советот на Европа кога, врз основа на неговиот извештај, спроведе истрага за наводите за трговија со органи за време на војната за независност на Косово во 1999 година.

Извештајот на Марти своевремено предизвика бура од реакции низ целиот свет, а меѓународните институции спроведоа три паралелни истраги за наводите во извештајот. Резултат од истрагите: нула докази. Не беа пронајдени материјални докази, тела, остатоци, траги. Сѐ остана на ниво на шпекулации, а до денешен ден, не се знае судбината на повеќе од 1.800 лица исчезнати во виорот на војната во Косово.

Еден извештај на Би-Би-Си од 2010 година известува за контроверзиите околу извештајот на Марти и за сведоштвата дека во неславната „жолта куќа“ во Албанија имало некакви траги од крв и медицински инструменти. Но истрагата утврди дека трагите се далеку од тоа да бидат доволни да ги потврдат наводите во извештајот, па дури и врската со ОВК, како што Марти упорно тврдеше.

„Факт е дека нема никакви докази во овој случај“ – изјави своевремено (2010 г.) Мати Ратикаинен од мисијата на ЕУЛЕКС во Косово. Но фактот дека нема докази и по три меѓународни истраги, не е наведен во текстот. На оваа тема се објавени илјадници текстови во изминатите 12 години, од кои анализата на проектот за Балканска транзициска правда е уште еден од позначајните придонеси кон расветлување на, како што се вели во анализата, „неславниот извештај“ на Дик Марти.

Кој е автор на оваа дезинформација?

Авторот на оваа дезинформација е непознат. Според евиденцијата на МАРнет, порталот е регистриран во февруари 2021 година. Основач на порталот е Друштво за информации и издавачка дејност Инфо политика ДООЕЛ Скопје, а контакт лице е Антонио Несторовски.

Иако нема импресум, порталот во рубриката За нас започнува со чудниот став дека „актуелноста на веста не значи и објава на лажна вест“, па повикува: „Да се информираме преку МКДенес, за да се заштитиме од лажни вести!“

Повеќето од текстовите објавени во овој портал не се потпишани. Оваа анализа се однесува на злонамерен и манипулативен текст кој се користи со дезинформации за да постигне цел обратна од повикот во рубриката За нас на порталот.

Побудите и целта за објавување на текстот за УЧК стануваат уште појасни ако се погледне и непотпишаниот текст под наслов „Почеток на поразот на власта – Ахмети призна пораз и го порача следното…“ (*), објавен вечерта истиот ден кога се гласаше во трите општини. Насловот е наведувачки и нема врска со содржината на самиот текст.

Која е целта на дезинформациите во медиумите?

Овој текст е илустрација за тоа како изгледа само една од стотиците од овој вид содржини што се појавуваат во јавната комуникација во земјата. Трудот и времето што се потребни за нивно креирање се незначителни во споредба со трудот и времето што се потребни за нивно разобличување.

Пред сѐ, времето на објавување на текстот (20 август) е наменето да нанесе политичка штета во изборен молк, за време на гласање на локални избори во етнички мешани средини. Дискредитацијата на УЧК има цел да го дискредитира ДУИ, но и СДСМ, затоа што се во коалицијата на власт.

Текстот кој се анализира овде нема висока видливост, а коментарите на социјалните мрежи не се бројни, иако, очекувано, се полни со говор на омразата. Сепак, овој и многу други текстови и објави на социјалните мрежи се чести. Интензивно се објавуваат текстови со манипулативна содржина кои имаат единствена цел – да предизвикаат недоверба, страв, поделби и омраза. Иако најголем дел од нив немаат „висок домет“, нивниот интензитет, постојаност и репетитивност постигнуваат негативен ефект чии последици можат да бидат далекусежни.

Целта на дезинформациите во дел од македонските медиуми е да се придружи кон тековната националистичка кампања во организација на антизападните и проруските ентитети и инсталации во земјата, преку внесување страв и паника во јавноста и предизвикување етничка омраза и поделби. Доколку наиде на поширок одѕив, националистичката кампања во земјата има потенцијал да предизвика политичка и безбедносна нестабилност и криза што ќе ја одвлече Северна Македонија од евроатлантските интеграциски процеси, реформите и мултикултурниот карактер на општеството.


*Во текстот се користени и ПДФ документи верни на оригиналите, со цел да се сочува автентичноста на изворот што е предмет на анализата.
Текстот е изработен во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ. Дозволено е преземање под условите на лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ