• Latest

Објавени огласите за вработување 500 образовни асистенти за работа со ученици со попреченост

July 23, 2021
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Објавени огласите за вработување 500 образовни асистенти за работа со ученици со попреченост

July 23, 2021 15:56
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Огласи за вработување вкупно 500 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година, за кои од буџетот на МОН се обезбедени 59 милиони денари, објавија пет ресурсни центри кои ќе ги опслужуваат сите основни училишта низ државата во кои има ученици со атипичен развој. Асистентите ќе им бидат поддршка на наставниците и нивната улога ќе биде да ја усогласат и приспособат наставната програма за да ја совладаат и учениците со попречености.

Образовните асистенти ќе бидат вработени во основните училишта со ресурсен центар: „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, „Климент Охридски“  од Ново Село, „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола. Ќе добиваат плата од нешто над 24.000 денари. Треба да имаат високо образование – психолози, социјални работници, специјални едукатори и рехабилитатори, наставници во одделенска настава и наставници во предметна настава.

Огласите со условите, критериумите и роковите за аплицирање вчера ги објави и Министерството за образование и наука, а за новиот модел на инклузивно образование, министерката Мила Царовска денеска имаше средба со претставници на националните инвалидски организации, родители на деца со попреченост, директорките на основните училишта со ресурсен центар и националниот координатор на телото за проценка по МКФ.

По средбата Царовска изјави дека со воведувањето образовни асистенти во редовната настава се излегува во пресрет на долгогодишното барање и потребите на родителите на учениците кои имаат атипичен развој, затоа што беа принудени сами да ги наоѓаат и да ги плаќаат приватно, и дека на овој начин ќе се подобри квалитетот на образованието.

-Затоа што инклузијата не е добра само за учениците со атипичен развој, туку и за оние со типичен развој, бидејќи научуваат да ги почитуваат разликите помеѓу себе, да живеат заедно и да придонесуваат кон развој на својата општина и својата држава, рече Царовска. Таа ги повика заинтересираните да аплицираат на огласите за да се постигне планираниот број од 500 образовни асистенти кои ќе бидат обучувани од ресурсните центри и постојано ќе ја имаат нивната поддршка.

Рече дека според проценките, 500 се доволни за да ги сервисираат сите потреби, но дека доколку има потреба во иднина ќе се зголемува бројот на образовни асистенти.

Иницијативата ја поздравија родители на деца кои беа на средбата со Царовска. Ирена Жерновска, мајка на дете со атипичен развој, рече дека бенефит ќе имаат четири  страни – родителите, децата, наставниците и самите асистенти кои ќе добијат можност за вработување.

-Ние, родителите, пред се, ќе бидеме ослободени од стресот што го доживувавме на крајот на секој август дали ќе најдеме асистент за детето што сами го плаќавме и беше оптоварување за домашниот буџет. И тоа сега ќе се анулира, рече Жерновска, додавајќи дека на денешната средба се разговарало за натамошно подобрување на инклузијата со воведување асистивна технологија, а вработувањето образовни асистенти да биде долгорочен процес и да не се менуваат од година во година.

Нејзината ќерка Дени е осум години вклучена во редовната настава и, како што рече, имала среќа да има многу добри наставници во нејзиното училиште кои ја разбираат.

-Посакувам на тој што ќе му се паднам како дете за асистирање, да ужива во моите активности, тоа да не го работи со сила. Кој и да ми биде мене асистент, се надевам ќе му биде интересно. Мојот асистент треба да биде активен и секогаш спремен за моите предизвици и моите барање и заедно да носиме одлуки.  Ги повикувам што повеќе да се пријават, рече Дени.

Според Андријана Будимир, ова е револуционерен чекор со кој МОН им прави голема услуга на сите родители и на децата и, како што рече, веќе немаат трауми да бараат асистенти на секој месец или два и тие да доаѓаат од други работни места.

– Ова е многу добро и за децата зашто асистентите се дефектолози кои завршиле соодветно образование што трае четири години и ќе бидат вработени. Ова е значајно и за другите деца и за нивните родители да се едуцираат, да не стигматизираат и да  прифатат дека и овие се деца како и нивните деца, рече Будимир.

Според новиот Закон за основно образование, посебните основни училишта се трансформираат во ресурсни центри и ја прошируваат својата дејност, така што покрај воспитно-образовниот процес, ќе даваат и ресурсни услуги и поддршка на инклузивното образование.

Со измени на Законот за средно образование, исто како и во Законот за основно, ресорните центри ќе треба да вработуваат асистенти и за средните училишта за да се подобри проодноста на учениците од основно во средно образование, а преку програмата Општинско корисна работа и во соработка со УНДП и општините првпат од овој септември во средните училишта ќе бидат воведени образовни асистенти како пилот-проект.

Царовска укажа дека образовните се разликуваат од личните асистенти. Тие работат со деца од прво одделение во училиштата и се ангажираат за совладување на наставата, додека персоналните асистенти им помагаат за движење надвор од училиштата и за социјализација. Потсети и дека за личните асистенти е спуштена од 18 на шест години возрасната граница на лицата корисници.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ