По вечерашниот протест против промена на името, со црвена боја е обоена зградата на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата обвини дека штабот е нападнат и каменуван.
Од опозициската партија се сомневаат дека одговорност за нападот имаат структури блиски до власта кои дејствувале по принципот на шарената револуција, со цел, како што се вели во партиското соопштение, да го втурнат ВМРО ДПМНЕ во насилство за полесно да се делегитимира борбата против договорот за името.
„Очекуваме соодветна реакција од надлежните органи, и предупредуваме дека како партија која го има најголемото членство во иднина ќе бидеме приморани да се самоорганизираме со цел да обезбедиме минимум безбедност. И тоа е наше право.
Ве уверувам дека брзо ќе дојде денот кога одговорноста за ова и за многу други работи … за пустошот на Република Македонија ќе биде поставена пред законите и правната држава“, изјави синоќа Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
К. С.