поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА КАКО ХОЛАНДСКИОТ БАТАЛЈОН ВО СРЕБРЕНИЦА…
Не сум сигурен дека не беше во право еден познат коментатор, кога пред некоја година предупреди странските претставници во земјата да не се однесуваат слично како холандскиот баталјон во Сребреница.
АЛИ АМЕТИ…
Не сум можел да помислам дека Али Амети ќе се појави пред јавноста, по објавувањето на некои снимки со негови разговори.
ВМРО-ДУИ
Еклатантен пример на премолчена соработка на ВМРО и ДУИ беше кога Талат Џафери со не толку инвентивна, колку наивна и перфидна деловничка манипулација, успеа Трајко Велјаноски да го спаси од притвор.
ПЛАТА ЗА ГЛАСАЊЕ
Слично како антикорупционерката и министерката за финансии ќе биде тужена во судот во Стразбург, доколку се обиде на гласачите на ДУИ од буџетот да не им ја дозначи платата на домашна адреса. Нивна обврска е само да гласаат за партијата и да го фалат „лидерот“.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.