• Latest

ОБСЕ со критички извештај за работата на СЈО

June 12, 2019
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОБСЕ со критички извештај за работата на СЈО

June 12, 2019 14:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која, денеска ги повика политичките партии да постигнат согласност и да овозможат СЈО да продолжи непречено да работи. Според ОБСЕ, дел од предметите на СЈО се преплавени со докази и со сведоци, а СЈО не ги предало на одбраната прислушуваните разговори како докази. Денеска ОБСЕ го објави Вториот преоден извештај за работата на СЈО, на 80 страници, со анализа на набљудуваните судски предмети во периодот помеѓу ноември 2016 и ноември 2018 година, односно во двете години од почетокот на првиот судски процес на СЈО.

Според резимето на обемниот извештај, во првиот дел се анализираат законските одредби и праксата во однос на присуството на обвинетите на судењата. Иако стапката на отсуство на обвинетите не е прекумерно висока (14%), истото е главната причина за одлагање на расправите. Во поглавјето е посочено дека постојната законска рамка не предвидува соодветни алатки за постапување на судот, во околности кога обвинетите самоволно одлучуваат да не се појават на сопственото судење. Освен тоа, во поглавјето се говори и за обвинетите во
предметите на СЈО, кои ја избегнаа правдата бегајќи во други држави. Согласно постојните законски одредби, може да помине значителен временски период, од моментот на носењето на правосилната пресуда, до моментот кога осуденото лице е должно самото да се пријави за отслужување на затворската казна (или до моментот кога истото ќе биде лишено од слобода од надлежните органи), во текот на кој осуденикот може да избега.

Понатаму, во резимето на извештајот се опишува и третото поглавје во кое се разгледуваат прашањата на ефикасност и експедитивност. Иако се бележи значителен напредок во однос на динамиката на судењата во периодот помеѓу 2017 и 2018 година, како и општата стапка на одлагање на судските расправи (33%) која не е прекумерно висока, во поглавјето се говори и за другите причини за одлагање на судските постапки во кои учествува СЈО. Првата од нив, е неподготвеноста на судиите да преземат активна улога во управувањето со предметите и нивниот неуспех во адресирањето и разрешувањето на процесните прашања во претходната постапка, пред почетокот на самиот судски процес, што води кон долги дебати во судниците и одлагање на почетокот на доказната постапка во судскиот процес. Втората причина е несоодветниот избор на сведоци и материјални докази од страна на странките, како и неефективната презентација на нивната аргументација во текот на судењето, кои, дополнети со недоволната контрола и корекции од страна на судот, водат кон изведување на докази, кои се чинат излишни или чија поврзаност со обвинителниот акт не е секогаш јасна.

Во четвртото поглавје се говори за некои од приговорите што одбраната ги има вложувано во предметите на СЈО, со посебен акцент врз оние, поврзани со споделувањето на доказите по завршетокот на истрагата. СЈО ја исполнуваше својата обврска за овозможување пристап до предметните списи за одбраната, а на адвокатите на одбраната им обезбедуваше и компакт дискови со собраните докази кои одат во прилог на обвиненијата. Меѓутоа, СЈО, за потребите на одбраната не обезбедуваше и копии од прислушуваните разговори, од причини кои и понатаму остануваат неразјаснети. Освен тоа, судот ја поддржа таквата одлука на СЈО, без да даде соодветно образложение за сопствената одлука. Во ова поглавје се говори и за поплаките на одбраната, во однос на динамиката со која се одвиваат судските процеси на СЈО. Според адвокатите на одбраната, поради бројните расправи за предметите на СЈО, кои се закажуваат во текот на една седмица, одбраната нема доволно време соодветно да се подготви за судењето. Изведениот заклучок е дека, имајќи ги предвид меѓународните стандарди за фер и правично судење, се чини дека ваквите поплаки не се основани, затоа што проблемот не е поврзан со динамиката на одвивање на поединечните предмети, туку со фактот што некои од адвокатите постапуваат пред судот во повеќе предмети истовремено.

Во петтото поглавје на Вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, како што стои во Резимето, повторно се говори за процесот на распоредување на судиите за постапување по предметите на СЈО од страна на Претседателот на судот. Во периодот од декември 2016 година, до јануари 2018 година, организационата поставеност на
Основниот суд Скопје 1 се менуваше три пати, по основ на донесените одлуки од тројца различни Претседатели на судот (двајца од нив беа вршители на должност Претседател на
судот). Ова беше причина за појава на негативни оценки во јавноста, во однос на независноста и непристрасноста на судството. Изведениот заклучок во поглавјето, е дека
леснотијата со која судиите можат да се преместуваат од еден во друг оддел во судовите преставува причина за загриженост и истото не е во согласност со најдобрата меѓународна
практика, односно со минималните стандарди за неменливост на судиите и распределба на судските предмети. На крајот на извештајот се дадени неколку препораки за учесниците во
судските процеси, како и за законодавната и за извршната власт. Препораките се насочени кон изнаоѓање решенија за идентификуваните прашања во извештајот, со цел да се
подобри ефикасноста и правичноста на судските постапки во кои учествува СЈО, како и на сите останати судски постапки.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, изјави дека очекува законот за СЈО да биде донесен што е можно побрзо и да се овозможи Обвинителството да работи со проширени надлежности. Таа додаде дека е евидентен фактот што некои од судиите недоволно ги владеат доказите на СЈО, а доказите што биле приложени, од оваа временска дистанца се непотребни, но, во моментот кога биле доставени, не била донесена одлуката на Апелација, прислушуваните разговори да се користат како доказен материјал.

Од друга страна, адвокатите на обвинетите Никола Бошковски и Горан Грујевски во предметите на СЈО се пожалија дека некои од нивните клиенти се речиси секој ден во судница затоа што се обвинети во повеќе предмети, а тие немаат доволно време за подготвка на својата одбрана.

„Не сме тука да ги жалиме обвинетите. Како што е ред, тие треба да бидат присутни во судница, па и секој ден доколку е потребно, бидејќи се обвинети. Точно е дека прислушуваните разговори не се дадени, но тоа е од причина да се заштити приватноста. Не можеме да оспоруваме нешто што е кристално јасно, за што се донесени договори и изгласани закони. Ние сме сериозна институција. Тоа што сметате дека е нарушено правото на одбрана не држи вода и ова не е место за образложување“ – одговори Јанева на критиките на адвокатите. Впрочем, како што и ОБСЕ вели во своите анализи, „имајќи ги предвид меѓународните стандарди за фер и правично судење, се чини дека ваквите поплаки не се основани, затоа што проблемот не е поврзан со динамиката на одвивање на поединечните предмети, туку со фактот што некои од адвокатите постапуваат пред судот во повеќе предмети истовремено“.

Специјалната јавна обвинителка, коментирајќи го извештајот на ОБСЕ, рече дека генералната оценка е дека СЈО може подобро да ги извршува задачите. Таа рече дека очекува до крајот на годинава да има пресуди во повеќето предмети.

„Треба да очекуваме епилог овој период. Сепак изминаа две години откако некои обвиненија се поднесени, а за некои изминаа и три години. Недозволиво и неодговорно е што сè уште немаме судски одлуки. Сметаме дека судот треба поактивно да се работи“ – изјави Јанева.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share76Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ