• Latest

Обвиненија за скопјанец и четворица кавадарчани за непостапување според здравствените прописи

March 25, 2020

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обвиненија за скопјанец и четворица кавадарчани за непостапување според здравствените прописи

March 25, 2020 15:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Едно лице од Скопје и четири лица од Кавадарци ќе треба да платат по 2.000 евра, доколку Судот го прифати предлогот на Обвинителството, за нивно санкционирање поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот, на возраст од 33 години, на 12 март се вратил во земјава по престој во Франција како високоризична земја за ширење на коронавирусот Ковид-19 и потишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена. Сепак, тој не постапил според прописите и наредбите на Владата со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест, па на 21 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не бил затекнат во неговиот дом, соопшти Јавното обвинителство.

ОЈО Скопје на Судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби со висина на дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.

ОЈО Кавадарци, пак, денеска поднело четири предлога за издавање казнени налози против лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест коронавирус Ковид- 19 и не постапиле по определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.
– Еден од обвинетите пристигнал во земјава на 17 март од Република Србија патувајќи од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките бил должен во период од 14 дена да не го напушта престојувалиштето што го пријавил како место каде ќе ја спроведе задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници, на 18 март, не бил затекнат дома, соопшти Јавното обвинителство.

Двајца од обвинетите, како што велат од ЈО, пристигнале од Грција на 18 март, потпишале изјави за самоизолација и биле должни да ги почитуваат здравствените прописи. Но и покрај обврската за самоизолација не биле затекнати во нивните домови на 19 март, кога надлежните служби извршиле контрола.

Четвртиот обвинет пак на 19 март на граничниот премин „Деве Баир“ пречекал лице кое се враќало од престој во САД. Согласно Одлуката на домашните органи, обвинетиот потпишал изјава за самоизолација поради тоа што бил во контакт со лице кое дошло од  земја со висок ризик од зараза. Но, при извршена контрола не бил затекнат во домот каде требало да ја извршува должноста за самоизолација.

– Постапувајќи спротивно на мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар за што обвинителството побара изрекување парична казна во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност за секој обвинет, информираат од Јавното обвинителство.​​ 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ