Судијата во предметот „Титаник 3“, го одложи денешното рочиште за 22 февруари со цел да се обезбеди еден од клучните сведоци во постапката, предложен од СЈО. Предметот „Титаник 3“ се однесува на уништување изборен материјал во Чаир во 2013 година, а обвинети се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ.
Во расправија меѓу одбраната и обвинителите од СЈО околу обезбедување на еден од клучните сведоци во случајот, Фатиме Фетаи откри дека имало закани за нејзиниот колега Гаврил Бубевски.
Адвокатот негираше гласно, а обинетите Алими и Гури не кажале ништо.
Инаку пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, во јавноста стана познат откако пред неколку дена на прес-конференција се обратил само на албански јазик, односно одбил да зборува и на македонски јазик.
М. И.