Обвинетиот Тони Трајковски денеска сам се појави на судењето за предметот „ТНТ“, во кој тој е обвинет. Како што беше најавено до судот, доколку не се појавеше МВР има наредба за негово присилно спорведување.
На претходните две рочишта Трајковски отсуствуваше затоа што, како што изјави неговиот адвокат, бил претепан од непознати лица. ТНТ е вратен на почеток со оставката на поротничката Лилјана Ивановска Кочковска.