ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Тој јавен обвинител Анел Фидоски можеби треба да биде преиспитан од повисоко тело, нешто не е во ред со неговиот памет, психа или лиценца. Можеби треба да го пробаме на него неговото „наоѓање“ дека упатена смртна закана на Фејсбук било само „новинарско препукување без конкретна намера да се упати закана или да се заплаши било кој“, особено не, пазете сега – особено не на човекот на кој му е упатена!
Е, па штом било така бенигно, може и со ОЈО и Анел да се „препукуваме“ со смртни закани со куршуми во заканата, каква што доби Џабир Дерала. За вакво „наоѓање“ не помага да се истретира ОЈО само со Раид!
Па уште и не му е срам да „најде” таков заклучок кога не му нашле ни IP адреса на заканувачкото ѓубре. Барем од ѓубрето да добиеле едно молежливо „Ама, не, немав намера, само се препукував, не мислев да заплашувам било кого…“ и да го ставеле тоа во извештајот како образложение зошто смртната закана била „без намера“. А сега, со вакво неправо „наоѓање“, Анел тукушто универзално воведе стандард дека смртната закана е ок!