• Latest

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025

Локални избори 2025: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“на Филипче, ВЛЕН со „Еден глас“ на Конвенција во „Борис Трајковски“, Герасимовски ќе обезбедува бесплатни часови за учениците во Центар

September 30, 2025
Maximilian Krah -AfD
Source: Wikipedia

Поранешен асистент на пратеник на АфД осуден на пет години затвор за шпионажа со Кина

September 30, 2025

Чешка најави ограничување на влез на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

24 ЧАСА: Изборна кампања 2025 – локални избори без локални теми; Европа да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови; Трамп најави нови царини меѓу кои и 100% на филмови направени во странство

September 30, 2025

БИРН: Кол-центри во Белград измамиле луѓе за околу 250 милиони евра

September 30, 2025
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ и Левица, граѓаните сакаат сериозни теми, не национализам

September 30, 2025

Апасиев вулгарно ја започна кампањата за локалните избори: „Посерисе на Мицковизмот“

September 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на
European Commission

Фон дер Лајен: Европа мора да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови

September 30, 2025

Мицкоски: Нека ме нарекуваат заостанат, но многудетното семејство е патриотски чин и клуч за иднината на Македонија

September 30, 2025

Стејт департмент: Северна Македонија на Ниво 2 во борбата против трговијата со луѓе – потребни дополнителни мерки

September 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025 15:50
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство и Државната изборна комисија (ДИК) најавуваат дека ќе ја јакнат меѓуинституционалната координација во рамки на своите законски надлежности за организација и следење на изборниот процес на претстојните Локални избори. Веќе е формирана привремената комисија што ќе го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности и до неа ќе може да поднесат пријава/поднесок граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами денеска оствариле средба со делегација од ДИК составена од претседателот Борис Кондарко, заменик-претседателот Абдуш Демири и членовите Светлана Карапетрова и Александар Даштевски.

Од Јавното обвинителство по средбата соопштија дека со Државната изборна комисија посветено работат за да ги овозможат сите услови за фер и ефикасен изборен процес.

– Јавниот обвинител Коцевски ги информираше претставниците на ДИК дека Колегиумот на Јавното обвинителство на РСМ донесе заклучок и за овој изборен процес да се формира привремена комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. Комисијата ќе има за задача на дневна основа да ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирањето и спроведувањето на локалните избори. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да ги преземат сите  дејствија за утврдување на сите релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик, се вели во соопштението од прес-службата на ЈО.

За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, а во Комисијата ќе членуваат и по еден јавен обвинител од сите виши јавни обвинителства како и еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје како основно обвинителство кое покрива најголемо подрачје.

-Јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, ќе можат да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk која ќе биде активна и за овој изборен процес, соопшти Јавното обвинителство.

Фото: ЈО

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ контра СДСМ со „македонска резолуција“ по локалните избори

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ