• Latest

Очекувам премиерот Заев да ги реафирмира и да ги зајакне моралните вредности во државата!

June 13, 2019

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Очекувам премиерот Заев да ги реафирмира и да ги зајакне моралните вредности во државата!

June 13, 2019 09:02
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Коста Стоименовски

Скопје, 20.10.2017 година

Демократијата во Македонија беше криво насадена уште на самиот почеток. Отсуството на демократски традиции е главна причина за „болките“ со кои се соочува Македонија по нејзиното осамостојување. Кризата со моралот е главна причина што кризните состојби во општествено-економскиот и политичкиот живот во Македонија не само што не се надминуваат, туку постојано се продлабочуваат!

По неодамнешната смена на власта, македонската јавност беше запознаена со расипништвото на народните пари за разни апсурдни „проекти“, но и за разни хедонистички навики на преродбениците.

Откако кланот во МНР предводен од Ристо Никовски ужасно ме понижи и деградира, во мај 1994 година доброволно си заминав од Министерството и бев практично на „бел леб“ пет години. По смената на власта во 1998 година на предлог на тогашниот премиер, во средината на мај 1999 година, станав негов советник за надворешна политика. Во почетокот одев на ручек во владиниот ресторан и бев зачуден што во ресторанот немаше гости! Подоцна разбрав дека таму можат да јадат само луѓето од Кабинетот на премиерот и тоа бесплатно! Секогаш кога ручав таму редовно на келнерите им ги плаќав угостителските услуги! Верувам дека некои од келнерите сѐ уште се таму, така што тоа може да се провери! Подоцна почнав да одам на ручек кај Жабарот. По некое време, луѓето од кабинетот на премиерот најавија дека ќе се руши кафеаната на Жабарот со цел, зад владината зграда да се направи писта за пречек на странски гости и љубопитно се интересираа што ќе правам потоа? На ваквото прашање, напомнав дека Жабарот не само што не треба да се руши, туку дека треба да се интегрира во Владата.

Знам дека некои луѓе од Кабинетот на премиерот доаѓаа на работа околу 13 часот, порачуваа келнерите да им донесат јадење во нивните канцеларии и, откако ќе се најадеа, си заминуваа дома!

Не знам каква била состојбата со користењето на услугите на владиниот ресторан во последните 10-11 години. Меѓутоа, морам да кажам дека бев шокиран од она што го објавија некои медиуми дека донеодамнешниот премиер го снабдувал и своето семејство со храна од владиниот ресторан (!?). Специјално подготвена храна за неговото семејство за ич пари!? Бедно, срамно и одвратно однесување на хедонист кој нема ни трошка емпатии кон бедните, болните и немоќните! Не знам дали луѓето од неговиот кабинет имале привилегија да користат бесплатни услуги во владиниот ресторан? Согласно податоците што беа објавени во медиумите, екс премиерот имал околу стотина советници!? Јавноста има право да знае за секој потрошен денар од буџетот!  Граѓаните на Израел знаат колку пари троши месечно нивниот премиер Б. Натанјаху и за сладолед!

Ако се има предвид дека премиерот и луѓето од неговиот кабинет, потоа министрите и останатите функционери имаат релативно високи плати може основано да се постави прашањето зошто би имале право на бесплатна храна од владиниот ресторан и право на трошоци за репрезентација? Треба да се има предвид дека голем број македонски граѓани имаат пари само за еден оброк дневно или дека гладуваат!

Морам да кажам дека бев изненаден од одлуката на новата влада функционерите да имаат право да користат 500 евра за репрезентација, што ме асоцира на традицијата на претходните влади. Мислам дека оваа одлука не е в ред и дека треба да се укине! Репрезентација треба да се користи само за странски гости, а не и за другарски гозби на државна сметка во луксузни ресторани!

Целиот свој работен век го поминав во администрацијата, од кои 16 години со девизна плата, и никогаш не сум трошел ни динар, ни долар, ни романски леј, ни чехословачка круна, ни денар, за угостување на гости во мојот дом или во ресторан доколку на ручекот или вечерата немало странски гости! Претседателот Б. Трајковски во 2001 година учествуваше на Антитерористичката конференција, која се одржа во Варшава. За него и за  членовите на делегацијата во Амбасадата, односно во резиденцијата приредив вечера и за тоа не наплатив ни еден долар од буџетот!

Кој и како може да води евиденција колку пари месечно потрошил некој функционер за репрезентација? Мислам дека би било далеку подобро наместо пари за репрезентација на функционерите, за наведениот износ, да им се зголемат платите, но, не би имале право да користат пари од буџетот за репрезентација. Пари од буџетот можат да се користат за репрезентација само кога на ручекот/вечерата има гости од странство! Согласноста за користење на пари за репрезентација би требало да ја дава премиерот или генералниот секретар на Владата!

Ја користам оваа пригода да му сугерирам на премиерот доколку користи услуги на владиниот ресторан, за сите услуги од личен карактер, да бара фискална сметка и сам да си ги плаќа трошоците! Бесплатни услуги може да користи само кога угостува странски гости! Некој може да помисли дека тоа е демагогија, но, таа понекогаш е мошне пожелна, бидејќи придонесува за заведување на ред и за внесување на морални вредности во општеството!

Во разговор со главниот уредник на ТВ Ал Џезира Балкан, Горан Милиќ поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан, рече дека секој пат трошоците за ресторански услуги ги плаќал од свој џеб! Постарите генерации знаат дека и некои поранешни македонски политичари постапувале на ист начин како и М. Кучан. Во тој поглед, најчесто се спомнуваат Лазар Колишевски и Драгољуб Ставрев!

Во демократските земји во кои владее правото, граѓаните знаат како се трошат нивните пари, а политичарите имаат должност да даваат отчет за секој потрошен долар/евро! Во Македонија постои вистински „башибузук“ со трошењето на народните пари, така што треба дефинитивно да се стави крај на ваквото однесување на расипниците на народните пари!

Се надевам дека премиерот Заев добронамерно ќе ја разбере оваа моја сугестија и на тој начин ќе си го подигне својот углед, а ќе придонесе и за афирмација зајакнување на моралните вредности во општеството!

 

 


Белешка од Редакцијата: Според зборовите на Авторот, овој текст е испратен до еден дел од македонските медиуми уште во октомври 2017 година, но ниеден од нив не го објавил. Авторот, Коста Стоименовски, достави повеќе текстови до ЦИВИЛ што ќе бидат објавени во наредните денови. Овој текст ни беше испратен истовремено со најавата за иницијативата #КрајЗаРасипништвото што ја поведе ЦИВИЛ.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share98Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ