• Latest

Охридската локална самоуправа најави строга контрола на поставената урбана опрема во градот

April 3, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Охридската локална самоуправа најави строга контрола на поставената урбана опрема во градот

April 3, 2018 15:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Охрид во иднина строго ќе го контролира поставувањето урбана опрема во градот и нема да толерира никакви злоупотреби и нелегално поставување маси, тезги на јавни површини. Истовремено се највени сонации за сите правни лица што имаат поставено урбана опрема без соодветно одобрение. Тоа е пораката што надлежните од Општина Охрид ја посочија на денешната средба со угостители, тезгаџии и останати корисници на урбана опрема во градот.

Градоначалникот Јован Стојаноски забележа дека Општината им дала доволно долг период на сите субјекти да го регулираат поставувањето урбана опрема. Тој потсети дека програмата за поставување урбана опрема во градот е донесена во февруари годинава и оти на барање на заинтересираните субјекти истата може да претрпи  измени  и корекции, но исклучиво доколку постои законска оправданост за тоа.

– Помина доволен период во којшто ние како локална самоуправа иако не мораше покажавме трпение за угостителските објекти во градов кои нелегално поставиле урбана опрема. До 10 април годинава оној кој што нема одобрение за поставување урбана опрема, а ја има поставено ќе добие прекршочни санкции. Законско право е физичките и  правни лица да поднесуваат барање за поставување урбана опрема и подоцна ,меѓутоа до тој момент не смеат да ја поставуваат урбаната опрема. На пример дозволено е таа опрема  да се поставува за три месеци од јуни до септември и за тој период сопствениците мора да ги подмират обврските кон општината, рече Стојаноски.

На средбата правните субјекти беа информирани дека на сила се измените од Законот за забрана за пушење, што дозволуваат пушење исклучиво надвор од деловниот објект на отворен простор, тераси или бавчи.

– Деловниот објект мора физички да биде одвоен од терасата. Казната според законот за прекршоци е варијабилна од 1.200 до 1.500 евра и зависи од остварениот вкупен приход за претходната година, појасни Цветко Ристески од УЈП.

На средбата беше разговарано и за други прашања, како и за одредени проблеми со кои се соочуваат субјектите од областа на угостителската дејност, во насока на нивно отстранување за реализирање што поуспешна туристичка сезона.

[divide]

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: локална самоуправаОхрид
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result