• Latest

Од денеска пријавување за „Скопје на точак“

October 24, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од денеска пријавување за „Скопје на точак“

Под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје, в недела, на 3 ноември, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи велосипедскиот караван „Скопје на точак“, велат организаторите.

October 24, 2019 12:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска сите заинтересирани може да се пријават за учество за велосипедскиот караван „Скопје на точак“.

Илјадници велосипеди биле дел од Скопје во 1960-те години. Според некои податоци секој втор граѓанин имал точак. Овој факт покажува дека вело културата е значаен дел од нашето општество и затоа под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје, в недела, на 3 ноември, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи велосипедскиот караван „Скопје на точак“, велат организаторите.

Минатата година, на првото издание од овој настан 1.300 лица се пријавија и излегоа на улиците со порака дека користењето на велосипед е добро за здравјето и за заштитата на околината.

Бесплатната регистрација и дополнителните информации може да се најдат на: www.skopjenatocak.mk. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од полицијата и организаторот.

Патеката на движење е: Старт- Булевар Илинден кај фонтаната Лотос, правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица „Љубљанска“ и се вози право по ул. „Московска“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Кај домот се врти лево, по улица „М. Т. Гологанов“ и се вози право до Католичка црква, се продолжува по „М. Т. Гологанов“, право по улица „Димитрие Чуповски“, право по бул.„11 Октомври“ до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул.„ Кочо Рацин“ и се вози право преку мостот по бул. „Крсте Петков Мисирков“. На семафорите кај Т.Ц. Мавровка се врти лево и се вози право по Бул.„Гоце Делчев“, преку мостот „Гоце Делчев“, се приклучува на бул. „Илинден“ и се завршува на стартот, кај Фонтаната „Лотос“ во Градски парк.

Од 11:00-12:00 е поделба на стартни броеви –  лепенки за велосипед, од 12 стартува караванот, завршува во 12:30, од 12:35 до 13:00 е лотаријата, а од 13:00 до 13:30 има велосипедски дружења.

На лотаријата ќе се доделат неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови. Настанот на Фејсбук може да се најде на: https://www.facebook.com/events/2188325714799268/.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ