• Latest
Ерол Ризаов

Од „што ќе ни е автопат“, стасавме до Илирида

May 5, 2023
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од „што ќе ни е автопат“, стасавме до Илирида

Трасите на 110 километри автопат, ни откриваат нашите дежурни спасители на националните интереси, не воделе кон поврзување и развој, туку кон разединување, односно кон оживување на Илирида

May 5, 2023 09:12
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Деновиве во Македонија се разоткрива една стогодишна заблуда. На големо изненадување, откривме дека изградбата на современи автостради и магистрални патишта не била наменета само за побрз развој на државите, без која инфраструктура нема ни економски, ни културен напредок. Тие не се ни најважниот предуслов за излез од сиромаштија, не биле ни општо добро за прерипнување на децении заостанатост, не се градат ни со намера за поврзување со светот, туку се сериозна опасност и закана за распаѓање и делби на државата, бидејќи патиштата, во овој наш многу веројатно единствен случај во светот, ја одбележуваат неизмерноста на лудоста и на границата на територијата, поточно кој до каде е, и чие е.

Такви сомнежи, јавно искажани, се појавија за првпат пред почетокот на изградбата на автопати во должина од 110 километри, кој ќе го градат заедно со нашите градежни компании, како подизведувачи на светски познатите гиганти „Бехтел и Енка“. Сомнежот е ужасен и лесно леплива теорија на заговор против Македонија. Трасите на автопатите, ни откриваат нашите дежурни спасители на националните интереси, не воделе кон поврзување и развој, туку кон разединување, односно кон оживување на Илирида како автономна албанска територија во Македонија.

Врв на примитивен популизам 

Шокантни сомнежи на еден амбициозен локален политичар кои паднаа на плодно тло и наидоа на медиумска поддршка не само за предизборни цели, како врв на примитивен популизам, туку и за откривање на мрачни идеи кои водат кон дестабилизација на државата.

Трасите на автопатите, уште непочнати, со изградба со брзина од 120 километри на час водат кон најчувствителната наша тема: меѓуетничките односи во земјата која секогаш има масовна публика. Дури во овој случај не е ни најважно кој ќе гради, туку дали воопшто смее да се гради автопат на тие правци во кои загрижените патриоти ја препознаваат Илирида. Големи се очите во стравот.

Така, случајот со „Бехтел и Енка“ и изградбата на автопатот и се` што е во врска со него доби една нова димензија, би рекол, најстрашната, бидејќи испадна работата Македонија си го копа гробот со нарачка на најскапиот погреб во својата куса историја на независност. Затоа овој мрачен заговор против државните и национални интереси со градба на автопат со цел оживување на Илирида веднаш треба да се спречи, а виновниците за најновото национално предавство да се казнат. Така се комплетира специјалната истрага со изградбата на сомнителен автопат кој не нуди развој и заедништво, туку поделба на Македонија.

По овој урнек на меѓународниот коридор 8 на ред треба да дојдат и сомнежите за изградбата на пругата кон Бугарија која ќе се поврзе преку Македонија со Албанија. Едниот правец кон Софија е за бугаризација и асимилација, а другиот, за Тирана, е за албанизација. Тоа што само триесетина километри, поради балканска политика на омраза, стојат сто години неизградени на пругата од Лондон до Техеран не треба да нѐ вознемирува ни во третата декада од 21 век. Страшна работа. А, колку ни беше убаво да си останеме сами на Балканот, како една мала скопска обиколница, бидејќи низ соседните земји Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија веќе се изградени и на големо се градат современи автопатишта и пруги кои ја обиколуваат Македонија.

Можеби истите мотиви да не гради автопат за потребите на Илирида, ги имаше и еден наш поранешен многу успешен премиер, сега во егзил, светски првак во бизнис клима. Се сеќавате на „Дуинг бизнис“. Генијален премиер на повеќе влади кој остана запаметен по многу големи достигнувања, меѓу кои познатата максима: „А, што ќе ни е автопат“, што ќе ни се трски покрај Охридското Езеро, а да увеземе песок од Грција и да направиме песочни плажи, да подигнеме бетонски парапет висок еден метар околу Езерото, па до тоа да се спуштаат хидро авиони на езерската писта. Заедно со барокот и рококо ренесансата се впишавме во новиот антички идентитет на потсмев на светот.

Сето тоа, заедно со жалните врби и кораби на Вардар, сосе спомениците и античките фалсификати и кинескиот многу евтин автопат Кичево – Охрид, кој уште се гради, и сосе 11 годишниот режим и страховлада не` чинеше повеќе милијарди евра и заостанување кое не може да се пресмета во пари.

Добро е што неговите наследници еволуирале, па немаат ништо против изградбата на автопатот и против компаниите „Бехтел и Енка“, но имаат сериозни забелешки под кои услови ќе се гради, кои делници накаде одат и за сомнителните коруптивни зделки, како што немаат ништо против за членството во ЕУ и во НАТО, но под кои услови тоа ќе се случи. Постојано има некои услови од кои не можеме да отстапиме.

„Вистината е како шило“ 

Се разбира, ова не значи амнестија на невидено на сѐ што е незаконско и коруптивно во договорот со „Бехтел и Енка“, почнувајќи од анулирање на јавен тендер, до високите цени на изградбата, милијарда и триста милиони евра, компетентноста и цената за надзорот и износот од 300 милиони евра за експропријација на земјиштето каде што ќе поминуваат трасите, транспарентноста и тајноста што не треба да биде тајна кога се работи за буџетски пари. Во јавноста веќе кружат две спротивставени информации во врска со ова. Во едната, пласирана од ВМРО-ДПМНЕ, дека истите компании „Бехтел и Енка“ кои градат автопат во Србија се соопштува дека договорот е склучен со распишување на меѓународен тендер, дека километар автопат е со пониска цена, дека надзорот е компетентен, исто така, со пониска цена, дека правата на работниците се заштитени.

Другата информација која ја соопшти потпретседателот на Владата Артан Груби е целосно спротивна на ова. Во неа се вели дека километар автопат во Србија од истите компании е поскап, дека не е распишан тендер, туку изградбата е договорена со посебен закон, исто како во Македонија и дека сѐ во согласност со законите на Македонија.

Ова не може да остане тајна. „Вистината е како шило, кога тогаш излегува на виделина“, што би рекол знаменитиот премиер, но треба да ја утврдат надлежните институции на државата. Ако тоа не го направат сега, секако преземаат дел од одговорноста, бидејќи кога-тогаш сите незаконски постапки, доколку ги има, еден ден ќе се откријат. И после изграден автопат, казните ќе стасаат. Влогот е огромен.

Што се однесува до работното време и до правата на работниците и домашните компании треба да ги имаат истите услови за работа и правото за прекувремена работа со посебна цена на саатница и на доброволна основа.

Ова е добар повод да се види колку вработени во Македонија работат над 10 часа дневно и над 60 часа неделно, почнувајќи од владите и министерствата, па сѐ до сите дејности. Едно време владата се фалеше дека работи 24/7 часа. А колку сработува тоа е друго прашање. Некои работат само по еден, или два часа ефектно дневно со над 150 неработни, празнични и годишно одморски денови во годината, а некои и по 12 часови без праведен надомест. А, некои не работат ништо, ама земаат плата. Но, сега со „Бехтел и Енка“ наеднаш стана многу актуелна и лицемерна заштитата на работничките права.

Извор: Независен

Tags: Бехтел и Енкакоридори 8 и 10дпопулизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ