• Latest

Од следење настава од педалинка, до играње видео игри за време на предавање – како се злоупотребува онлајн наставата?

October 17, 2020
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од следење настава од педалинка, до играње видео игри за време на предавање – како се злоупотребува онлајн наставата?

October 17, 2020 15:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На први октомври во повеќе училишта започна учебната година со настава од далечина преку националната платформа schools.mk, каде учениците ги слушаат и гледаат предавањата на нивните наставници и професори. Но, новиот начин на одвивање на наставата значеше и нови предизвици со кои ќе се соочат како учениците, така и нивните учители, но и целокупниот образовен систем.

А проблемите веќе можат да се видат две недели по започнувањето на учебната година. Додека на почетокот имаше поплаки за проблеми од техничка природа, лоша интернет конекција и преоптовареност на националната платформа, сега се евидентни примери на злоупотреби на платформата и на онлајн наставата од страна на самите ученици.

Мета.мк во соработка со Инстаграм профилот @studentarijamk, ги праша учениците и студентите дали за време на нивните онлајн часови постојат злоупотреби на новиот модел на настава. Добиените одговори од повеќе ученици укажуваат на различни злоупотреби, кои во одредени случаи одат во крајности.

Така, дел од учениците велат дека онлајн наставата им е досадна, па предавањето на наставникот или професорот воопшто не им претставувало пречка  за да поспијат во меѓувреме.

„Тоа е сè освен онлајн настава“, вели еден ученик.

Слични примери, иако поретко, има и помеѓу студентите.

„Заспивам за време на онлајн настава, немам концентрација, апстрактно изгледа материјалот…“, вели една ученичка.

„На онлајн предавање се слушна како еден студент почна да хрчи. Толку беше гласно“, сподели студент.

„Спијам за време на онлајн час, додека лаптопот е вклучен, а кај професорката покажува дека сум присутна на настава“

Други ученици велат дека нивните соученици времето наменето за настава го поминуваат вклучени на платформата, но вниманието им е свртено кон позабавни активности, како играње на виртуелни игри. Некои од соучениците биле креативни, па ги забавувале останатите со свои „настапи“ на платформата за учење.

„Од 120 присутни на платформата се испостави дека таму сме само 30.“

„За време на онлајн наставата седиме пред компјутер со исклучени камери и исклучени звучници, па секој си прави што сака.“

„Часот трае, наставничката предава, деца ги гасат камерите и играат Among us (игра) на телефони.“

„Има часови кога учениците споделувааат екран (share-screen) и играат игри преку нивните компјутери. Исто така некогаш се случува да го снема професорот потполно од часот, па во тоа време се појавува дете кое свири на хармоника и ги забавува останатите приклучени на часот.“

Онлајн наставата е флексибилна, па не сите ја следат од дома.

„Еднаш слушав предавање од педалинка, среде Охридско езеро“, вели една студентка.

Неретки се случаите кога учителите или учениците се намерно отстранувани од нивни соученици од видео повикот. Снаодливите ученици ја злоупотребувале технологијата за да го прикријат своето незнаење.

„Тргаат ученици од повикот, играат Кантер, LOL и сите останати игри за време на часови. Доколку ги праша професорот нешто, а тие не го знаат одговорот, велат дека не им работи микрофонот или камерата или пак дека имаат проблеми со интернет конекцијата“

Други ученици признаваат дека одат и подалеку.

„Јас си пушам цигари една по друга, а брат ми ми кажа дека си гледал порно за време на предавања… Лудило“, споделува девојка.

Друга ученичка се потруди да објасни дека онлајн часовите не можат да бидат како оние часови со физичко присуство и дека дома полесно се губи концентрација отколку во училиште. Но, додава дека тоа не е причина за злоупотреба на онлајн наставата.

„Нормално дека кога сме дома, вниманието не може да биде насочено само на една работа, т.е. на предавањето, туку на уште најмалку пет други работи кои се случуваат околу нас. Додека сме присутни физички на часот, тогаш професорот може подобро да ја контролира и атмосферата и концентрацијата на учениците/студентите, па затоа според мене има и поголем ефект. За време на онлајн предавањата, не сите се совесни да го слушаат предавањето, па и го злоупотребуваат. Освен тоа, учениците немаат мотивација физички да се поместат од својата удобна положба за да исполнат одредена активност на часот. Од друга страна, за сечие здравје, најдобро е да се седи дома, а следењето на часовите и предавањата се осетавени на совеста на учениците, сепак овде се работи за нивна придобивка на знаење“ вели ученичката.

И покрај тоа што има време предвидено за голем одмор и за ужина, дел од учениците јадат додека слушаат настава. На неколку профили наменети за забавни содржини на социјалните мрежи често можат да се забележат споделени слики како ученици се „фалат“ со храна пред лаптопот за време на часот или како се шегуваат со нивните професори и наставници.

извор: МЕТА 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ