Во организација на канцеларијата на Народниот правобранител, денеска во Скопје ќе се одбележи 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а воедно и 10-годишнина од ратификација на Конвенцијата на Обединетите Нации за права на лицата со попреченост.
Настанот ќе го отворат народниот правобранител Насер Зибери и советничката за човекови права при Канцеларијата на постојаната координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Татјана Темелкоска.
По тој повод, Народниот правобранител ќе потпише Меморандум за соработка со граѓанските организации кои се дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Презентација на тема „10 години од ратификација на Конвенцијата за права на лица со попреченост – предизвици, научени лекции и идни чекори за ефикасна имплементација” ќе има државната советничка Васка Бајрамовска Мустафа./Слободен печат