Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој бил прогласен на триесеттата седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година. Главната цел на одбележувањето на овој ден е промовирање на свеста за јазичната и културната разновидност насекаде низ светот.
Јазиците се најмоќниот начин да се зачува и развива културата и да се промовира низ целиот свет.
На меѓународниот ден на мајчиниот јазик УНЕСКО и другите агенции на ООН учествуваат во настаните за промовирање на лингвистичката и културната разновидност, како и мултилингвизмот низ светот. Тие ги ценат и охрабруваат луѓето да бидат запознаени со нивниот мајчин јазик и им даваат насоки во врска со унапредувањето на нивниот јазик и култура кон другите земји.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се слави во спомен на четворицата млади студенти кои беа убиени во Бангладеш додека се бореа за нивниот мајчин јазик и се слави за да се покаже дека нивните жртви никогаш нема да бидат заборавени.
И.К.