• Latest

Одбиени повеќе од 4.000 барања за акредитација за Олимпијадата во Париз

July 22, 2024
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ

Одбиени повеќе од 4.000 барања за акредитација за Олимпијадата во Париз

July 22, 2024 08:54
in БЕЗБЕДНОСТ, ВЕСТИ, СВЕТ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Француските безбедносни служби отфрлија повеќе од 4.000 апликации за акредитација за Олимпијадата во Париз во 2024 година, наведувајќи ја, меѓу другото, загриженоста за шпионажа и кибер напади, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен, пренесе МИА.

Тој рече дека француските власти досега провериле речиси милион апликации за акредитација за Игрите, кои започнуваат на 26 јули, и одбиле 4.340 луѓе, некои поради радикални исламистички врски или осомничени странски шпиони, објавија британските медиуми.

Скоро сто луѓе беа одбиени поради страв од шпионажа или загриженост дека тие се агенти кои се обидуваат да добијат акредитација наведувајќи друга професија.

-Веројатно не се таму за да вршат напади. Но, покрај разузнавањето и традиционалната шпионажа, постои можност за пристап до влезните точки во компјутерските мрежи за извршување на кибер напади, изјави Дарманен за неделникот „Журнал ду Диманш“.

Тој рече дека се пријавиле како новинари или технички персонал и дека нивните земји на потекло се, меѓу другите, Русија и Белорусија.

-На пример, отфрливме голем број „новинари“ кои тврдеа дека ги следат Игрите. Од друга страна, прифативме присуство на Руси кои работат за Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Ние го применуваме принципот на претпазливост, посочи тој.

На руските новинари им е дозволено да бидат акредитирани за Игрите и веќе пристигнаа во француската престолнина.

Париз ќе распореди 45.000 безбедносни лица за да ја гарантира безбедноста на Игрите и уникатна церемонија на отворање покрај реката Сена каде спортистите ќе пловат на бродови покрај стотици илјади гледачи.

Организаторите го намалија бројот на оние кои ќе го следат отворањето од 600.000 на околу 300.000. Според Дарманен, нема закана за безбедноста на Олимписките игри.

-Во изминатите неколку дена со полицијата направив ново извидување со брод на Сена. Потврдувам дека церемонијата ќе се одржи во форматот што го најави претседателот на Републиката, Емануел Макрон, изјави Дарманен.

Тој рече дека освен речниот тек и малиот ризик од лошо време, до денес не се идентификувани закани за Игрите.

-Ниту нашите разузнавачки служби, ниту странските служби со кои соработуваме не открија странска закана. Но, ние мора да останеме многу скромни и фокусирани, нагласи францускиот министер за внатрешни работи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ