• Latest

Нема одложување на судењето за „27 април“

August 22, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема одложување на судењето за „27 април“

August 22, 2018 13:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судијката Добрила Кацарска го одби барањето на одбраната на обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април, за одложување на судењето и најави дека рочиштето ќе трае и  по работното време на судот.

Адвокатите на почетокот на главната расправа побараа увид во доказите на Јавното обвинителство, со образложение дека ги немаат добиено сите доказни материјали. Адвокатите сметаат дека дел од тие докази можат да бидат клучни во постапката.

СУДЕЊЕ СОБРАНИЕ ЧАВКОВ

Дел од одбраната побара издвојување на постаката за првите 16 обвинети.

Обвинителките Гордана Смаќоска и Вилма Русковска рекоа дека во законскиот рок на одбраната и било овозможено да направи увид во сите записници и докази. Тие од адвокатот Дончо Наков побараа да не ја залажува јавноста со вакви барања.

Наков одговори дека бара да има пристап до одредени докази што биле недостапни за нив во текот на истаргата, а сега станале достапни.

Рочиштето се води во отежнати услови бидејќи новинарите и другите присутни во судската сала многу слабо слушаат што се разговара во судницата бидејќи однадвор се слушаат силни звуци од зурли и тапани и скандирања од поддржувачите на обвинетите.

СУДЕЊЕ СОБРАНИЕ

На денешното прво рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април лани присуствуваат сите 33 обвинети. Тие одговараат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Меѓу обвинетите се пратеници, уметници, припадници на МВР, на безбедносните служби и собраниското обезбедување.

На обвинителната клупа во судот се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Предметот го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска и веќе се закажани вкупно 37 термини за главна расправа. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлДобрила КацарскарочиштеСобрание на Република Македонијасудење
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result