• Latest

„Одбројување“ на Пармаковска – роман на годината

March 15, 2018
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Одбројување“ на Пармаковска – роман на годината

March 15, 2018 12:58
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Одбројување“ на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

Одлуката ја донесе жири во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“, и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

 

Пармаковска и се заблагодари на фондацијата „Славко Јаневски“ што, како што рече, ја спаси оваа награда и ја продолжи традицијата на нејзино организирање и доделување. Од 1999 до лани со непрекинат континуитет ја доделуваше згаснатиот „Утрински весник“.

„Дополнителна радост за мене е што е именувана по Славко Јаневски, едно од најголемите имиња на нашата литература, што е и дополнителна одговорност кон секој напишан збор, секоја напишана книга, кон секој читател и кон споменот на Славко Јаневски. Му се заблагодарувам и на жирито кое му ја даде довербата на „Одбројување“ да ја носи оваа награда и се надевам дека и читателите во романот ќе го најдат она што го нашло жирито“, рече Пармаковска.

„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска која дипломирала на  катедрата за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.

Нејзиниот роман беше избран меѓу 27 пристигнати на 19-тиот конкурс за „Роман на годината“ а финалисти на наградата беа и романите „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, издание на „Готен“, и „Диссомнии“ на Игор Станојоски, издание на „Антолог“.

Според жирито, пристигнатите дела на годинешниот конкурс ги одликува тематска и жанровска шареноликост и јазички иновации во однос на современата лексика. Романсескната продукција, покрај плејадата докажани македонски писатели, донесе и силен бран помлади автори, чија свежина на идеи ги краси зрелост на изразот.

Генерален покровител на наградата е Комерцијална банка а.д.. Таа се состои од статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари. Врачувањето на наградата ќе биде на почетокот на април.

М. И.

Фотографија: Александрос Стаматиу

Tags: Одбројувањероман на годинатаФросина Пармаковска
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ