Одложена е Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Од собраниските служби нема образложение за одложувањето на седницата.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја имаше закажано седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.
Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Од собраниската прес служба нема образложе ие зошто е одложена туку одговор дека медиумите дополнително ќе бидат известени.