Одвоената постапка за предметот на СЈО, „Шамарите во Цантер“, против Димче Крстев се одложи за 15 јуни.
По барање на адвикатот на Крстев, Дончо Наков, а во согласност од обвинителите на СЈО, судечкиот совет денешното рочиште го одложи поради повреди кои обвинетиот ги добил при напад од непознати лица од пред неколку дена за кои тој пријавил и во полиција.
Крстев беше регистриран и од камерите од настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија. (МИА)