Кривичниот суд го одложи судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Таргет- Тврдина“, кое се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, за 27-ми март.
Судијата Горан Бошевски, побарал изземање од случајот затоа што го оценувал обвинението во претходната фаза од постапката. Новиот судија треба да се запознае со предметот, па затоа процесот се одложи.
Во овој предмет се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски.
Во меѓувреме судот ќе ја чека и екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски.
Д.М.