• Latest

ОИК до утре треба да ги достават до ДИК потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници

September 17, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ОИК до утре треба да ги достават до ДИК потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници

September 17, 2021 11:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Утре истекува рокот во кој Општинските изборни комисии (ОИК) треба да ги достават до Државната изборна комисија (ДИК) потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори.

ОИК ги доставува листите на кандидат/и до ДИК поради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидат/и. Листата на кандидатот за градоначалник, односно листата на кандидати за членови на Совет, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини и во Град Скопје. Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со жрепка и тој број е ист во сите општини и Град Скопје. Во општината, односно Град Скопје каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место. Листите на кандидат/и предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини, односно Град Скопје, имаат ист реден број.

Извод од избирачки список

Најдоцна на 22 септември, ДИК и ОИК ќе ги известат овластените претставници за одржување на жрепката. Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна на 23 септември.

ОИК  утврдената единствена листа на кандидат/и ги огласува најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината, најдоцна на 23 септември, до 24:00 часот. Исто така ДИК утврдените единствени листи на кандидат/и ќе ги објави на својата интернет страница најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно најдоцна на 23 септември.

Од денот на донесување на одлуката за распишување на избори, политичките
партии учесници во изборниот процес, потпишуваат Кодекс за фер и демократски
избори. Датумот на потпишувањето го определува ОИК, а потпишувањето ќе се
одржи пред почетокот на изборната кампања најдоцна до 26 септември.

Во меѓувреме течат и другите рокови. Најдоцна до 16 септември требаше до ДИК да бидат доставени податоци за лицата кои се во притвор или се наоѓаат на издржување казна затвор. МТСП, пак, доставува до Државната изборна комисија податоци за лицата кои се пријавиле за гласање во установи за вонсемејно згрижување.

ДИК вчера на 23-та седница го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори, усогласен со измените и дополнувањата на Изборниот законик, донесени од Собранието, а предложени од пратенички групи од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

Освен измените и дополнувањата на роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за градоначалници и градоначалник на Град Скопје и членови на советите на општините и советот на главниот град во 2021 година, ДИК усвои и упатството за ангажирање лица од редот на вработените во секторите за информатичките технологии или надворешни ИТ лица и донесе одлука за објавување на описите на избирачките места.

Како што информираше членот на ДИК Борис Кондарко со поважните измени на Изборниот законик се воведува обврска најдоцна до 25 септември до 24 часот за сите службени органи и институции кои располагаат со возила да ги достават податоците до Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел увид во нивното користење за време на изборите и спречување на евентуални злоупотреби. За сите радиодифузери, печатени медиуми и портали, кои се регистрирани за платено политичко рекламирање во ДИК, остануваат нивните регистрации, а оние кои го пропуштиле рокот, се определува нов рок за регистрација. Тој рок ќе почне денеска и ќе трае до 19 септември, заклучно со недела до 24 часот.

Со измените во Изборниот законик, се предвидува да можат да гласаат и лица на кои им истекол рокот на важност на лични карти, а кој рок истекол од денот на распишување на изборите до денот на нивно одржување, што значи од 6 август до 30 октомври.

Кондарко информира дека во најскоро време ДИК ќе направи упатства и соодветни обрасци за оние за кои се однесуваат измените во Изборниот законик опфатени во ревидираниот роковник. – Се предвидува и рок за пријавување на лицата кои се позитивни на коронавирусот или се во самоизолација за гласање во домашни услови. Овие лица ќе гласаат ден пред одржувањето на првиот круг, односно 16 октомври и 30 октомври доколку има втор круг, соопшти Кондарко.

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година. Изборната кампања за првиот круг на гласање почнува на 27 септември во 00:00 часот и трае до 24:00 часот на 15 октомври. Кампањата за вториот круг на гласање, пак, трае до 24:00 часот на 29 октомври.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ