• Latest

ОЈО отвори предмет за Жан Митрев, Предан уверува – македонскиот ќе биде официјален во ЕУ, југот на Украина се ослободува

July 18, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ОЈО отвори предмет за Жан Митрев, Предан уверува – македонскиот ќе биде официјален во ЕУ, југот на Украина се ослободува

July 18, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ОЈО отвори истрага по шокантната сторија „Нечиста крв“ на ИРЛ

По синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) „Нечиста крв“ која вчеравечер се емитуваше на МРТ1 и на ЈуТјуб каналот на ИРЛ, Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во клиниката „Жан Митрев“ од Скопје.

Документарецот е базиран на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Клиниката немала одобрение од МАЛМЕД за користење на оваа метода иако болните од ковид биле ставени на експериментална процедура за лекување. На пациентите, ниту на семејствата не им било кажано дека се предмет на експеримент.

Истражувањето на ИРЛ „Нечиста крв“ се потпира на 24 пријави на граѓани од Северна Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да се известат дека се дел од медицинска студија.

По објавата на документарниот филм насловен како „Нечиста крв“, од клиниката „Жан Митрев“  излегоа со соопштение во кое наведуваат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката.

Од клиниката „Жан Митрев“ додаваат дека ќе ги искористат сите правни можности согласно законите со цел да се спречат, како што велат, „овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на институцијата“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Предан: Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ

Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки на Европската Унија, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ. Секако, една земја членка секогаш има право со некои еднострани изјави да искаже некои свои резерви, но тоа сигурно нема да има никакво влијание на статусот на македонскиот јазик во ЕУ, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан.

ЕДИТОРИЈАЛ

Трака на ракавот на секој не-Македонец

Од Џабир Дерала

„На кој начин гласањето на македонските пратеници во македонското Собрание може да предизвика нееднаквост и загрозување на уставните темели на државата? Каде во Уставот имаме одредба кој за што смее да гласа, според етничката припадност? Јас навистина не гледам каде тоа во Уставот етничката припадност е „предуслов“ за тоа колку некој смее или не смее да биде засегнат со прашањата на државата.

Но радикалите излегоа со „математички“ анализи за етничката структура на тие што гласаа за европскиот предлог во парламентот на 16 јули. Тие се во паника, бидејќи ова е голема победа на македонската држава. Првата меѓувладина конференција во Брисел ќе се одржи веќе во вторник, на 19 јули, а со тоа, по 17 години чекање, нашата земја конечно ќе зачекори на европскиот пат. Но за нив, тоа е „преседан“ затоа што и не-Македонци гласале за предлогот, та дури и биле побројни!“

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВЛАДА Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе учествува на првата меѓувладина конференција закажана за утре, 19 јули 2022 година. Оваа меѓувладина конференција е од историско значење за Република Северна Македонија бидејќи со неа се означува отпочнувањето на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ.Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

ИЗБОРИ Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 57-ма седница го усвои финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Општина Центар Жупа и членови на Совет на Општина Тетово за изборите кои ќе се одржат на 20 август 2022 година.

МТСП Владата и Министерството се залагаат за поголема вклученост на лицата со попреченост на пазарот на труд. Министерството подготвува законско решение кое е во насока на унапредување на правата на лицата со попреченост во смисла на вработувањето, изјави министерката Тренчевска.

ДЕКЛАРАЦИЈА Градење ромска кауза под мотото „Единство и еднаквост“, најавија денеска претставници на 10 граѓански организации и на Општина Шуто Оризари откако потпишаа Декларација за заедничко делување со цел политичко, економско и социјално единство на ромската заедница.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Југот на Украина се ослободува, се отвора можноста за извоз на украинското жито по морски пат

Наспроти силните ракетни напади на рускиот агресор, украинските сили им задаваат силни контраудари на југот од земјата. Последните извештаи од фронтот укажуваат на тоа дека руските сили се повлечени до брегот на полуостровот Крим, со што се отвораат можности за извоз на украинското жито по морски пат.

Никој не го прифаќа заплашувањето од руските политичари за наводниот „суден ден“ за Украина. Во исто време ќе дојде судниот ден за Русија во буквална смисла за злосторствата извршени од терористичката држава, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во видео обраќање до нацијата во неделата навечер.

Според украинската владина канцеларија за координација на Европска и евроатлантска интеграција од  16 јули 2022 година, од почетокот на руската инвазија на Украина заклучно со 15 јули 2022 година загинаа 353 деца, а повеќе од 662 деца се повредени. Поради активните воени дејствија во погодените региони, не постои можност за увид во областите на гранатирање и уништување.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Антиевропската кампања и протестите ги помогна Кремљ со know-how и со низа други средства, вклучително и со русские деньги (руски пари). Дел од нив можеби располагаат со „свои“ пари или „објективни“ судови, но нивното дејствување секако оди во прилог на руските интереси кои се реализираат преку жестоки хибридни напади. И тие што (можеби) немаа намера, станаа дел од руските хибридни напади. Затоа, во моите текстови што изразуваат личен став, оние што се очигледно поврзани со руските интереси, пропаганда и хибридни напади, често ги нарекувам рашисти.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Что вы думаете, рашисти?“.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Хронологија на големото неизгласано НЕ за ЕУ, предлози, борби, протести, гласање, бегање од одговорноста…

Со 68 гласа ЗА, ниту еден против и ниту еден воздржан, Собранието ги изгласа заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија.

Во заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ. Се задолжува Владата, македонскиот јазик во преговарачката рамка  да биде наведен без какви било додавки и фусности и во текот на преговорите, да не прифаќа да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.

Д.Т.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ