• Latest

Околу 60% од судските постапки за организиран криминал и корупција се одложуваат

December 5, 2019

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Околу 60% од судските постапки за организиран криминал и корупција се одложуваат

December 5, 2019 15:35
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се одложуваат околу 60 отсто од рочиштата за предметите за кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупцијата. Во Кривичниот суд во Скопје процентот на одложувањата е помал и изнесува 49 отсто, посочуваат резултатите од Анализата спроведена измината година од Коалицијата „Сите за правично судење“ во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул за судски мониторинг) по мониторинг на кривичните судови на територијата на државата за предмети поврзани со организиран криминал и корупција.

Дарио Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“ истакнува дека одлагањата се од повеќе причини, а најчесто тоа е поради отсуство на некој од учесниците во постапката, од кои доминатно тоа е обвинетиот, но, загрижува, вели, и фактот што многу често имало отсуства на јавни обвинители, па постапките се одлагаат и поради тоа, а последиците се повеќеслојни.

-Прво тука се трошоците на самата постапка, потоа прашањето на јавниот интерес и интересот на сите граѓани во државата да го видат исходот од постапките. Тука е и начелото на ефикасност и ефективност на судските постапки бидејќи знаеме дека после проток на подолго време веќе и не се ефикасни казните или решавањето на одредени кривични дела кои се случиле многу порано. Во таа насока се надоврзува и застарувањето на кривичните дела, кои што можеме да видиме веќе беше настапена апсолутна застареност во некои од кривичните постапки и исто така претходно имаше настапено застареност и за некои од осомничените уште во фазата на истрага, вели Аврамовски.

Според него, од овој аспект највлијателна е перцепцијата на јавноста, затоа што таа највеќе го гради својот став за судството и довербата во судството и обвинителството преку крупните случаи што се медиумски експонирани.

-Јавноста ги добива сознанијата преку овие предмети, па оттаму ќе имаме многу полош впечаток во јавноста затоа што овие постапки не се сосема идентични на останите постапки кои ги следиме, бидејќи тие завршуваат релативно побрзо, вели Аврамовски

Натали Петровска извршна директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ која ја презентираше Анализата на дводневната завршна конференција за проектот, истакна дека во нивен фокус биле Одделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд, но обезбеден е примерок и од останатите судови. При тоа, нагласува, процентот на одложени судски постапки од околу 60 се однесува генерално и ги опфаќа редовните судски постапки, а не само оние од областа на организиран криминал и корупција. Недостигот од соодветна техничка опрема за снимање на судките процеси во сите судници во судовите е, посочува, исто така проблем.

-Заклучоците би оделе во насока на она што би може да го адресираме како проблематично во поглед на работењето на институциите. Она од што зависи најчесто присуството на обвинетите лица во постапките и нивниот спровод дали од куќен притвор, дали од притвор, така што многу често и тоа е евидентирано како причина за одлагање на расправите, нивното неспроведување. Така што би требало да се зборува понатаму во насока на усогласување и координирано работење на иснтитуциите – сите кои се засегнати и кои се инволвирани во судските постапки, меѓутоа и целосно екипирање на човечките ресурси во јавните обвинителства во државава, особено во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За волја на вистината многу помал број на одложени судски расправи поради отсуство на обвинители имаше кога СЈО беше во полна функција. Сега кога тоа не е случај иако истите предмети се делегирани на обвинителите кои што и досега ги работеа, меѓутоа останатите предмети кои се од областа на организиран криминал и корупција секако дека нотираме отсуство на обвинители и во нив, кажа Петровска.

Во однос на ветингот, таа смета дека тој е потребен во судството, гледано од аспект на нивните искуства.

-Дефинитивно е потребно прочистување во редовите на судиите. Не би сакала да генерализирам, со секоја чест на исклучоци за судии кои апсолутно целосно етички и проферсионално си ги извршуваат своите функции. Меѓутоа неопходно е да биде спроведен ваков процес на ветинг за да бидеме сигурни дека владеењето на правото, испорачувањето на правда за граѓаните во судските институции ќе биде функционмално во мера во која што би требало да биде, рече Петровска.

Проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул за судски мониторинг) Коалицијата „Сите за правично судење“ ја спроведе во партнерство и со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ