• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Олигарсите осоколени од новата власт, удрија по работниците

September 4, 2024

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Олигарсите осоколени од новата власт, удрија по работниците

September 4, 2024 13:39
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Дека црно им се пишува на работниците и нивните права со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ, стана јасно кога по само еден ден откако дотогашниот премиер Талат Џафери му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски, од Стопанската комора му доделија награда на новиот премиер Мицкоски за, внимавајте, по само еден ден на функција, градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.

Дополнително, за тоа кој е газда во куќата, излезе на виделина по објавеното видео од крајот на прославата, кога тргнувајќи да си оди, премиерот остана со неприфатената рака во воздух, откако претседателот на Комората, Бранко Азески, само прекорно го огледна и му рече да си седне на местото. Премиерот, послушно го стори тоа што од него го побара Азески.

Како да не бидеме горди со ваков премиер – поданик! Азески имаше показна вежба за тоа кој ја води државата, кој е премиерот во сенка. А Мицко е обична кукла, ама горда 🤣 Вакво јавно мочање врз глава немам видено во политиката! pic.twitter.com/GKGfsuVABs

— Професорката Мила (@UcitelkataMila) July 25, 2024

Оттогаш, премиерот ревносно ги спроведува барањата на претставниците на крупниот капитал.

Прво, Мицкоски се стави на линија со барањето на Стопанската комора за разгледување на Законот за недела – неработен ден, и рече дека стои на располагање за дијалог со синдикатите, иако истиве рекоа дека не доаѓа предвид укинување на тешко стекнатата придобивка. За потсетување, Мицкоски уште 2022 година, од позиција на опозиција, застана на линија со работодавачите кога предложи „недела неработен ден“ да се замени со некој друг ден од неделата затоа што, според него најголеми вишоци на струја се правеле во недела.

Мицкоски иако пред изборите ветуваше дека платите ќе бидат повисоки, сега кога дојде на власт вели дека покачување на мнималната плата нема да има, и според него ова барање имало политичка позадина? Нема да има ниту зголемемување на платите во образованието, нешто што им следува на просветните работници. Премиерот им сврте грб на работниците во периот кога трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок. Со ова најави враќање во времето на владеењето на неговиот предходник Груевски, кога платите на работниците се држеа на многу ниско ниво, од што бенефит уживаа само олигарсите.

И додека СОНК предводен од послушниот синдикалец Јаким Неделковски можеме „да го прогласиме за умрено“, на обидот на ССМ да крене глас и да го побара тоа што им следува, во обид да се оспори барањето за покачување на минималната плата на 450 евра и да се оспори и легитимитетот на актуелното и минатото раководство на Сојузот на Синдикати на Македонија, напомош беше повикан Живко Митревски, кој беше претседател на ССМ во периодот од 2010 до 2017 година, кој изврши своевиден упад со прес пред ССМ, соопштувајќи дека поседува документи според кои тој е нелегално сменет од позицијата и дека изборот на неговиот наследник Дарко Димовски и сегашниот претседател Слободан Трендафилов се нелегитимни.

Во моменти кога во соседството, владите на Црна Гора и Србија преземаат мерки за заштита на граѓаните, намалување на маржите и цените на одредени поризводи во малопродажната мрежа, нашиот премиер, во дослух со олигарсите и бизнис заедницата како мерка во борбата со високите цени и за подобрување на стандардот на граѓаните, Мицкоски истакна дека Владата нема намера да интервенира, оставајќи го пазарот да ги регулира цените, а тој се одлучи само да упати апел до трговците самите да ги намалат маржите на производите, иако како опозиционер редовно регираше на мерките на предходната влада дека не се доволни и се задоцнети, а кога ќе дојде на власт ќе донесе адекватни мерки, сега го прави сосема спротивното, токму она што од предходната власт го бараа олигарсите.

Со непреземањето мерки и непокачување на платите што ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни, Мицкоски се става во служба на бизнис заедницата, доведувајќи ги работниците во потчинета положба во однос на работодавачите, додека се борат за гол опстанок.

И ако е по она народната, „По утрото денот се познава“, црно им се пишува на работниците во наредниот период од владеењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски со претставниците на крупниот капитал, ткн. газди, колку и таа да трае.

Че биде пиштејне-вриштејне, што би рекол Миле Че.


Текстот е личен став на авторот
Tags: Бранко АзевскиолигарсиПремиерот Христијан МицкоскиСојуз на стопански комориССМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ