• Latest

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

На Вестминистерскиот сојуз за Украина, францускиот политиколог Оливие Ведрин ги повика европските и глобалните лидери да го надминат двоумењето и да ја поддржат целосната победа на Украина, пред историјата да се повтори.

May 19, 2025 16:17
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕМОКРАТИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Клучни поенти:

  • Времето е критично: Ведрин нагласи дека одложувањата и симболичните гестови не се повеќе доволни – Западот мора да дејствува брзо и решително.
  • Преживувањето не е победа: Европа мора да се префрли од помагање на Украина да „преживее“, на обезбедување средства да ја освои војната  – воено, политички и економски.
  • Историјата нé предупредува: Повлекувајќи паралели со периодот пред Втората светска војна, Ведрин предупреди дека неуспехот да се запре руската агресија во Украина би можел да предизвика поширок конфликт низ цела Европа.

Транскрипт – Оливие Ведрин

Политиколог и директор на Асоцијацијата Жан Моне

Забелешки на настанот на Вестминистерскиот сојуз за Украина

Да… знаете, сега сме тука, а се сеќавам кога бевме во Полска на почетокот на март. Во тоа време, реков: ова е само почеток. И сега, само неколку недели подоцна, ние сме тука — во Вестминистер.

Тогаш реков: „Мора да организираме разговори во Весминистер“. Зошто Вестминистер? Затоа што во 1940 година, Вестминистер — и Лондон — беа последните бастиони на слободата. Значи, симболиката е моќна. Вестминистер носи тежина. Тој е важен. И реков, мора да дејствуваме брзо. Немаме време за губење. Сé се движи брзо сега— и мора да се движиме уште побрзо.

Од самиот почеток, нашата цел со Роџер беше да изградиме парламентарна мрежа — не само помеѓу Франција и Обединетото Кралство, или Франција и Германија, или Италија — туку, помеѓу сите нас: Франција, Германија, Обединетото Кралство, Украина и се надеваме и Европскиот парламент и американскиот конгрес.

Како директор на Асоцијацијата Жан Моне, можам да кажам дека веќе планираме силна конференција во Европскиот парламент во јуни, заедно со Федералистичкото движење и Европското движење. И таму, исто така, јасно ќе зборуваме: Како можеме да ѝ помогнеме на Украина да ја добие оваа војна?

Ова утро, бев во Чатам Хаус. Во нашата отворена дискусија, реков: клучното прашање што мора да си го поставиме е следното —
Дали сакаме Украина само да преживее, или сакаме Украина да победи?

Во текот на изминатите три години, од целосната инвазија, ние дававме оружје — но, честопати премалку или предоцна. Разговаравме за флотата во сенка — знаевме за тоа, но не направивме ништо. Разговаравме за руските средства — конечно правиме нешто сега, но ни требаше премногу време.

Вистинското прашање е: Сакаме ли украинска победа или не? Досега, ѝ помогавме на Украина да преживее — да се спротивстави, да издржи. Но преживувањето не е доволно.

Ни треба конкретна стратегија — не само за Украина да преживее, туку и за Украина да победи. И не се работи само за Украина. Ако утре создадеме нов „С5“ или каков било ограничен формат што ја исклучува Украина, можеби ќе откриеме дека Русија повторно ќе нападне — не во Украина, туку во Балтикот, или Полска.

Затоа нашата цел — со сите европски и парламентарци на Обединетото Кралство и се надеваме, исто така, и на САД — мора да биде да изградиме вистинска, влијателна политика. Не само да ја ослабнеме Русија. Не само да ја поддржиме Украина. Туку да ѝ помогнеме на Украина да победи.

Ова мора да биде нашата мисија. Нема друго прашање. Украина мора да победи — за нашата слобода.

Ние сме на почеток на сценарио кое наликува на периодот пред Втората светска војна. 1938 година. Инвазијата на Чехословачка. Потоа Полска. Потоа остатокот од Европа.

Не смееме да ги повториме тие грешки.
Затоа, ве молам — престанете да размислувате за тоа како да ѝ помогнете на Украина да преживее.
Почнете да размислувате за тоа како да ѝ помогнете на Украина  да победи.

Ви благодарам.


Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ