ОН вели дека нејзините тимови во Газа сè уште не биле во можност да дистрибуираат помош и покрај тоа што десетици камиони за снабдување влегоа на територијата во текот на изминатите два дена, пренесува Би-би-си.
Израелски официјални лица изјавија дека 93 камиони влегле во Газа во вторник, носејќи помош, вклучувајќи брашно, храна за бебиња, медицинска опрема и фармацевтски лекови
Но, ОН соопшти дека, и покрај тоа што камионите стигнале до палестинската страна од преминот Керем Шалом, досега не е дистрибуирана никаква помош
Израел се согласи во неделата да дозволи „основна количина храна“ да влезе во Газа, каде што глобалните експерти предупредија за претстоен глад
Меѓународниот притисок врз Израел продолжи да расте – Велика Британија ги прекина трговските разговори поради она што го опиша како „морално неоправдана“ воена ескалација на Израел во Газа
Како одговор, портпаролот на Израел за надворешни работи рече дека надворешниот притисок „нема да го одврати Израел од неговиот пат во одбраната на своето постоење“
Д. Мишев