• Latest

Онлајн дебата за младите и климата: Малите чекори водат до големи и важни промени

March 1, 2022
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Онлајн дебата за младите и климата: Малите чекори водат до големи и важни промени

March 1, 2022 13:42
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Зошто е важно да се намали влијанието на климатските промени од аспект на младите и како нашата држава се справува со климатските промени, но и што треба да преземат властите и граѓаните за да го ублажат влијанието од климатските промени, зборуваа учесниците на онлајн дебатата на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“ што се одржа денеска во организација на Фондацијата Метаморфозис, а во рамки на проектот „Кредибилни вести за оспособена младина“ , пренесува Мета.мк.

На онлајн дебатата учествуваа претставници на власта, граѓанскиот сектор, како и млади активисти кои се борат за позелена иднина.

Северна Македонија е млада земја и ние го разбираме значењето на младите во донесувањето на сите одлуки во државата, посебно од областа на климатските промени. Никој подобро од нив не ја разбира климатската криза и никој не е позасегнат, рече во својот воведен говор Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, кој го отвори настанот.

„Иднината сте вие – нашите деца и внуци. Ние како влада сме обврзани да ги преземеме неопходните мерки и чекори за да превенираме и да се прилагодиме на иднината со која ќе се соочиме утре. Вашата инклузивност е најважна. Вашето учество во настани како денешниот и споделувањето на вашите мислења се она што ќе ги движи нашите политики за иднината. Затоа вашата инклузија и вашиот глас треба да бидат слушнати и ние како министерство ќе ве слушаме. Нашата заедничка работа е клучна за решавање или стагнирање на полето на климатските промени кои се случуваат, но и за да се адаптираме на ситуацијата со која ќе се соочиме во блиска иднина. А кога велам иднина, мислам на вас. Зборуваме за вашата иднина“, порача министерот Нуредини.

Министерот потсети дека земјава се обврза на редукција на емисиите на стакленички гасови за 51 отсто до 2030 година, што е нето редукција од 82 отсто.

„Во текот на подготовката на овој ревидиран придонес ние посветивме посебно внимание на младинската консултација. Беа спроведени работилници, консултации на посебна веб платформа за младински групи, активисти и други засегнати страни. Како резултат, ние како одговорно министерство за предлагање на климатски политики ги земавме предвид клучните принципи споменати од младите за соодветна климатска акција – долгорочно размислување, инклузивност, доверба, транспарентност, практичен и холистички пристап“, рече Нуредини.

Неопходно е соодветно образование во сите степени кое ќе обезбеди одржлив развој за прилагодувње кон климатските промени, како и за подготовка на зелени работни места, додаде Нуредини.

„Со ова е потребно, не само доразвивање на наставни програми, туку и едукација на наставниот кадар. Оттука, ние во новиот Закон за климатска акција кој го работиме, ја предвидовме обврската за внесување на климатски аспекти со сите сектори, стратегои и планови, меѓу кои и образованието на исто ниво како тие за енергетика и земјоделство“, додаде Нуредини.

Младите ја поседуваат моќта да ги направат промените

Од исклучителна важност е како ќе се однесуваат младите со цел да ги намалиме ефектите и да го подобриме одговорот кон климатските промени, истакна Бојана Станојевска-Пецуровска од Центарот за климатски промени.

„Младите луѓе се тие кои ја имаат моќта да ги направат промените, тие ги прифаќаат предизвиците за лична промена на навиките и кај нив одржливите практики се случуваат побрзо. Младите се клучна алка во намалувањето и адаптацијата кон климатските промени, со оглед на фактот дека глобалното затоплување сè повеќе го чувствуваме – концентрацијата на загадувачките супстанции во воздухот долго време се над дозволените граници, сушите и топлотните бранови се сè почести и за жал справувањето треба во иднина да го направат тие (младите)“, рече Станојевска- Пецуровска.

Нашата држава во моментов креира политики и носи високо амбициозни стратегии, но потребни се и документи за адаптација кон климатските промени, која е од исклучителна важност за нашата држава, со оглед дека во Македонија особено се чувствуваат последиците од климатските промени.

Станојевска-Пецуровска додаде дека младите во иднина ќе ја имаат клучната улога и во бизнис секторот, и оттука е важно и компаниите да бидат вклучени во борбата против глобалното затоплување.

„Компаниите можат да придонесат значајно со примена на енергетска ефикасност, користење на обновливи извори на енергија доколку е можно, примена на концепт на циркуларна економија, користење на услуги кои емитуваат помалку јаглероден диоксид. Притоа, многу е важно да имаат финансиска и советодавна поддршка од страна на државата за да можат да ги применуваат овие мерки во нивното работење“, додаде Станојевска- Пецуровска.

Но, како да се привлече вниманието на младите?

Донесувачите на одлуки ги креираат политиките, но младите се тие кои ќе треба да ги следат тие политики и затоа треба да бидат вклучени во процесот на донесување  на тие одлуки. Но, младите неретко се незаинтересирани за соработка и затоа е потребно да се работи на освестување, но и на понуда на алатки преку кои климатските промени ќе им бидат доближени на младите, рече Мила Јовановска, претседателка на здружението „Гоу Грин“.

„За пофалба е секој напор што институциите го прават за да ги повикаат младите, но често пати се случува да наидат на незаинтересираност, за жал, затоа што младите не се доволно активни или не се доволно запознаени со темата. Ние како младинска еколошка активистичка организација постојано работиме на тоа да ги освестиме за проблемот, но и да им дадеме алатки за активизам за како да ги препознаат тие повици од институциите. Институциите колку и да ги отворат своите врати и да сакаат да соработуваат со младите, наша должност како граѓански сектор е да ги оспособиме младите да ги препознаат тие можности и да се вклучат во тие процеси“, истакна Јовановска.

Таа додаде дека, според искуството на „Гоу Грин“, вклучувањето на младите мора да се одвива преку модерен и иновативен пристап, односно преку она што нив ги опкружува и каде младите се најактивни.

„Во планот за акција се вели дека до 2030 година ќе се овозможат до 8.000 вработувања како зелени работни места, а до 2035 година тоа се 10.000 вработувања. Ако во 2030 година земеме дека еден млад човек се вработува на околу 25 години откако ќе го заврши факултетот, излегува дека денес тој млад човек е запишан во прва година средно. Ако сега ние таа генерација ја запознаеме со проблематиката на климатските промени и важноста на образованието, може да ги насочиме да се ориентираат кон овие струки кои ќе бидат потребни, најмногу во енергетиката, енергетската ефикасност и обновливита извори на енергија“, додаде Јовановска.

За промени е потребна една личност, другите ќе ја следат

На онлајн дебатата учествуваа и Ангела Бушеска и Насер Велиу, активисти и младински делегати кои беа дел од самитот „Младите за климата – предводници на амбицијата “ што се одржа во Италија пред Глобалната климатска конференција КОП 26 минатата година.

Бушеска ги сподели своите искуства од овој самит, каде што била креирана и декларација, која требало да биде глас на младите во преговорите за климатските промени на КОП26.

„Оваа година би рекла дека младинското учество беше револуционерно бидејќи за првпат тоа постоеше во документ кој што беше поставен на масата. Се надевам дека не остана само како документ, туку дека претседателството на КОП 26 заедно со климатските делегати и сите влади ќе го земат предвид тој документ при донесување на нивните одлуки“, истакна Бушшеска.

Климатските промени се веќе насекаде околу нас, а во наредните години нивното влијание ќе станува сè повеќе видливо, децидна е Бушеска.

„Без разлика која е нашата позиција во општеството, ние на секој начин можеме да донесеме еден вид на позитивен импакт, бидејќи ние носиме некаков импакт секој ден, па можеме само да го свртиме малиот негативен импакт во мал позитивен имапкт и би сакала да им кажам на сите млади да не застануваат, бидејќи единствено решение тука е сите да бидеме гласни. Само на тој начин можеме да донесеме промени во текот на овој тежок процес со борбата  против климатските промени“, порачува Бушеска.

Насер Велиу, кој исто така бил дел од младинскиот самит во Италија, вели дека било одлично да се видат сите млади како седат на иста маса и зборуваат на сериозни теми кои се однесуваат на нивната иднина. Велиу е дел и од младинската организација „EYO!“ (Envrironmental Youth Organization) .

„Ние сме иднината, ние сме тие кои треба да зборуваат на оваа тема. Ние сме најкомпетентни личности кои можат да зборуваат за иднината која ќе не следи нас и наредните генерации. Секоја промена почнува од нас. Ние сме главниот фактор за го држиме ритамот и ние како млади луѓе треба да го почнеме ова. Треба да го кренеме гласот, да бидеме активни, да бидеме оние кои ќе зборуваат за нас и нашата иднина, да јадеме позелено, да патуваме позелено, да живееме позелено“, истакна Велиу.

Потребно е сите да преземеме мали чекори кои ќе придонесат до големи и важни промени. Потребно е да почне само еден од нас, додаде тој.

„Сите велат дека имаме младина која не е баш позната како многу активна, која нема многу познавања за тоа што значи да бидеш активен. Да бидеш активен значи токму тоа – дека еден од нас треба да почне. За да се почне нешто, потребна е само една личност. Другите ќе го следат првиот“, порача Велиу.

Како пример за позитивни промени, Велиу го наведе „локдаунот“ низ светот на почетокот од пандемијата на Ковид-19.

„Во пандемијата сите седат дома, а климатските промени се ублажија. Според некои извори, 17 отсто од емисиите на јаглероден диоксид се намалиле за време на „локдаунот“ и тоа е огромна промена. Зошто да не го следиме овој или сличен начин на живеење?“, рече Велиу.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ