• Latest
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Оној Груевски…

April 30, 2020

24 ЧАСА: „Никогаш Северна“ спласна – 7 години Преспански; На журка кај Баздникин – Стоиљковиќ и МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“; Убиени над 50 Палестинци кои чекаа храна

June 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Ердоган: Израел го загрозува своето постоење со секоја крв што ја пролева и со секое злосторство против човештвото што го извршува

June 17, 2025
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Студентите во блокадата поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените од Кочани

June 17, 2025

ДУИ: Од регионална ѕвезда до фактор на изолација – 7 години од Преспанскиот договор

June 17, 2025
Фото: МВР

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Преспанскиот договор, седум години подоцна: Од дипломатски триумф до ризик од враќање наназад

June 17, 2025

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

June 17, 2025
прашање на денот преспа

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 7 години Преспански – кои се придобивките?

June 17, 2025
Ерол Ризаов

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Оној Груевски…

Оној Груевски, кого успеавме да го турнеме од престолот на власта, диригира преку своите пиони. Диригира преку Мицкоски, за кој верувам дека, да не беше управуван од безмилосниот диригент, сега ќе беше зад решетки, наместо пред микрофонот со напишаните говори од Будимпешта. 

April 30, 2020 16:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СИМОНА М. ЖИВКОВА

Единствено нешто заради што чувствувам потреба да се осврнам на оваа тема, во момент кога сите сме фокусирани на здравјето на нашите најблиски и на општото јавното здравје, на тоа дека секој еден е важен, на тоа дека и во вонредна состојба имаме права, на тоа дека сите добронамерни чинители  во нашето кревко општество даваме сѐ од себе, секој од нас да биде тука, да биде добар… Е, тоа што морам да потенцирам, за сите, сите до кои ќе стаса овој текст да видат, да прочитаат, да сфатат, да знаат.

Груевски е сѐ уште тука.

Оној Груевски кој избега од кривичен прогон, кој избега од закон, сѐ уште ја координира својата партија.

Оној Груевски, кого успеавме да го турнеме од престолот на власта, диригира преку своите пиони. Диригира преку Мицкоски, за кој верувам дека, да не беше управуван од безмилосниот диригент, сега ќе беше зад решетки, наместо пред микрофонот со напишаните говори од Будимпешта. Диригира преку Јанушев, во мојот исток, меѓу моите сограѓани, вредни луѓе, работници кои ја шиеја неговата јакна вредна пет месечни плати на оние меѓу кои парадира.

Преку министерот Чулев,  за кого малку и се плашам да пишувам. Преку сето тоа што опозицијата го правеше во борбата против корона вирусот.

Сите донираа, сите дониравме, кој колку може, како што кажа бегалецот. Некој донираше маски, некој донираше ракавици, некој донираше храна, некој донираше пари, а опозицијата за целото тоа време парадира пред микрофони и камери.

Додека ние дониравме , тие читаа беседи. Додека ние дониравме, тие фрлаа пари по скапи спотови и реклами кои веќе и нема кој да ги гледа. Додека сите дониравме, тие ширеа паника и лажни вести .

А, сите сме под исто небо, на иста земја, со исти маки и стравови… И сето тоа само поради каприците на диригентот. Оти одлучиле да го следат слепо. Диригентот кој избега од народот. Одлучија да го следат и никогаш да не бидат достојна опозиција. Ниту во вакви моменти.

Исто како последната негова објава, верувам дека им ја сервира истата реторика. „Можевме“ , „сакавме“, „одлучивме“, „направивме“. Сѐ тој. Од Будимпешта, со нашите пари, на сигурно. А тие што ги извршуваат неговите наредби, тука, со нас. И најтажно е, што и самите знаат, дека единствена цел се неговите каприци и желбата за одмазда спрема тие што го симнаа од престолот, спрема сите нас.

Бегалецот од правдата, во најтешкото, додека бевме во неизвесност со пандемијата, додека со страв и натчовечки напори од граѓаните, од властите, од секој еден, се боревме против ова зло, никаде го немаше…

Откако увиде како полека се смирува лудилото со Ковид-19 и како успеавме да се стабилизираме и да избегнеме катастрофа, тогаш се јави да нѐ советува.

Ние сѐ уште се плашиме, сѐ уште донираме и си помагаме. Тоа, за кое тој напишал цел безобзирен и бесчувствителен текст, кај нас, во нашата држава, постои збор. Тоа се вика солидарност. Нешто што кај него и неговите следбеници не постоело и нема да постои никогаш.

И да. Сѐ уште има предизвици пред нас, имаме тешкотии, правиме и грешки. Кои ги поправаме. Некогаш полесно, некогаш потешко . Ама барем си немаме работа со лик како него.  Можеме да зборуваме, можеме да викнеме, можеме да се налутиме и тоа многу. И никој да не биде линчуван за тоа. За тоа што го кренал гласот за да исправи грешка. Како во неговото време.

Изгледа како да излегуваме од кризата во однос на јавното здравје. Изгледа како да се ближат избори. А на некој, му останало , само тоа да му е важно.

Избори, лаги, три дена за еден проѕирен текст од далечната Будимпешта, сѐ за глас повеќе.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share63Tweet39Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    503 shares
    Share 201 Tweet 126
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    224 shares
    Share 90 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ