ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Признавам дека не го следев излагањето на новата претседателка, но очекував дека ќе направи скандал. Како прво, таа мора да го држи ветеното пред гласачите, а тоа значи дека ќе биде контра потпишаните договори од претходните две влади! И второ, таа го има тоа инаетење во својот карактер, а ние како земја ќе треба да го трпиме…
Од дел од медиумите, пред сѐ, од МРТВ не чув дека грчката амбасадорка го напуштила излагањето. А ова е лош знак. Впрочем, медиумите му дадоа на Мицковски збор дека отсега ќе емитуваат само позитивни вести. И си го исполнуваат ветеното.
Но, ова е сериозен фаул за меѓународната положба на земјава. Мислам на Република Северна Македонија.