ЦивилМедиа.мк воведе нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција.
Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, брза размена на мисли и пораки меѓу автор(к)ите, најави и вовед во пошироки анализи и мислења.
„Брза пошта“ е место и за членовите на Редакцијата и сите членови на ЦИВИЛ, да коментираат или да алармираат за одредени случаи или појави, пред тие да бидат подоцна предмет на пошироки анализи или акции.
Вашите мисли и опсервации, жолти и црвени картони, кратки белешки и пораки, отсега во брза пошта. Останете гласни! – се вели во најавата на новата рубрика.
Како и сите останати рубрики, така и оваа е отворена за сите авторки и автори. Кратките коментари и белешки може да се испраќаат во порака на телефон (СМС, Вибер и други), како директна порака во сандачето на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ или на мејл [email protected] со назнака „Брза пошта“. Може да бидат во форма на текст, но и во селфи-видео формат, само не подолго од една минута. Потребно е да се потпишат со точно име и презиме.
Пишувајте! Често е доволна и само една реченица!