• Latest

Опозициските пратеници ja напуштија собраниската сала, Џафери ја прекина седницата 

September 14, 2021
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
Али Ахмети, Кичево, 23 јули 2026 (фото извор: веб страница на ДУИ)

ДУИ обвинува: ВЛЕН стана инструмент на ВМРО-ДПМНЕ и овозможува ширење на „српскиот свет“ во земјава

August 3, 2026
Businessman showing concept, connection,innovation development and artifacts too artificial intelligence ,AI , ideas and innovation ,Finding new solutions to solve business problems ,modern business

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК)

August 3, 2026
Запорижжја, 2-3 август 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ: Разорни бомби во Запорижжја, масовен украински одговор на руска територија и нови провокации кон НАТО

August 3, 2026

Европска комисија: Побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ист циркус, нови шатори

August 3, 2026

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 2, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Балон

August 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Опозициските пратеници ja напуштија собраниската сала, Џафери ја прекина седницата 

September 14, 2021 16:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница пред да биде изгласан нејзиниот дневен ред и ја презакажа за утре во 12 часот, откако претходно пратениците од опозицијата, рекоа дека денеска нема да учествуваат во работата на Парламентот, поради тоа што не беа ставени како точка на дневен ред нивните предлог-одлуки за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, а ниту пак од Владата беа доставени нивните оставки.

Џафери нагласи дека пратениците од опозицијата решиле од „совест да не учествуваат во работа за која се платени“.

– Оставете ја совеста. Нема јас да ја оценувам таа совест туку граѓаните на 17 октомври. Второ, по „Фејсбук“ статуси повикуваат на мојата совест, затоа овде ќе кажам, покажете ја сликата на совеста. Денеска двајца пратеници од мнозинството се спречени да дојдат на работа од здравствени причини едниот во изолација поради член во семејството, а другиот со таква дијагноза на болест за што не знаме каков ќе биде крајот и резултатот на контролата, а тие одлучиле поради совест да не бидат на работа денеска. А јас сум должен и за денеска да ги платам, рече Џафери и ја прекина седницата, презакажувајќи ја за утре во 12 часот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот на Парламентот дека покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.

– Премногу е сензитивен моментот и сметам дека не треба да си играме со вакви работи, особено со оставки дадени од морални причини. Ние како законодавен дом да не учествуваме во циркусот кој премиерот Заев решил да го прави во овој период, рече Мицевски, кој истакна дека оставките штом стигнале до Владата, требало веднаш да бидат доставени до Парламентот.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во процедурална забелешка рече дека министерот за здравство секогаш бил коректен со нив и оти по излегувањето од салата многу од нив ќе му се јават да му се извинат.

– Она што сакавте да го направите е да ја искористите тагата на сите граѓани, на семејствата на починатите, за ситни политички поени, не ви помина. Колку да сакавте да изглумите, се покажа, рече Митревски, додавајќи дека опозицијата не дозволува да се заврши истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница па потоа да се носи одлука.

– Не е фер кон јавноста. Денеска има точки на дневен ред кои се во интерес на граѓаните, како законот за облигациски односи, со кој побаравме каматите да не бидат поголеми од јавниот долг. Вие денеска ја напуштате седницата, токму кога на дневен ред има таква точка, рече Митревски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ