• Latest

Оптимистички пораки од состанокот на Процесот Брдо-Бриони

April 28, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оптимистички пораки од состанокот на Процесот Брдо-Бриони

April 28, 2018 09:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите од регионот со сигурност ќе можат да ги решат меѓусебните несогласувања, порачаа вчера учесниците на состанокот на земјите од Процесот Брдо – Бриони во Скопје, кој помина во знакот на веста број еден во светот- договорот на лидерите на Северна и Јужна Кореја дека заедничка цел ќе им биде целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и прогласување службен крај на Корејската војна. 

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој беше специјален гостин на состанокот, на заедничката прес-конференција на која учествуваа и домаќинот, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, претедателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов, нагласи дека на регионот му се потребни повеќе позитивни примери, како Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, спогодбата меѓу Приштина и Црна Гора.

– Можеби, историјата на Балканот, која наликува на хорор филм, кој никогаш не завршува, сепак да има среќен крај. Она што се случи со Северна и Јужна Кореја покажува дека невозможното станува возможно, рече Туск.

Напомена дека за време на неговата турнеја низ Западен Балкан дал јасна порака дека земјите-членки на Унијата цврсто се залагаат за европската перспектива на регионот.

– Можете да сметаме на нас, тоа не се само празни зборови, тоа е факт, рече Туск.

Врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во ЕУ, рече претседателот Иванов и оцени дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со земјава, не поради принципите и критериумите на ЕУ, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка.

– Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција, изјави Иванов.

Додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање.

– Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони, изјави Иванов.

Бугарскиот премиер Борисов изрази надеж дека Македонија и Грција брзо ќе го решат спорот околу името и оти за тоа сега постои историска можност. И тој направи паралела со Северна и Јужна Кореја, напоменувајќи дека кога овие две држави успеале да постигнат договор, земјите од регионот сигурно ќе можат да ги надминат разликите.

Хрватската претседателка ја поздрави одлуката со која се препорачува почеток на преговори со Македонија и со Албанија и нагласи дека Загреб ќе стори се што е можно да се забрза овој процес за двете земји. – Хрватска силно ја поддржува политиката на проширување, која е засновна врз принципот на сопствени заслуги, кој е втемелен на строги правила и вреднување, рече таа.

Словенечкиот претседател Пахор рече дека одлуката на ЕК повторно да ги поддржи реформите во ЈИЕ со цел еднаш засекогаш државите од регионот да станат дел од Унијата е од големо значење.

– Врз основа на моите политички искуства јасно е дека Брисел не може да направи се доколку тоа не го направат и лидерите на државите. Убеден сум дека со добра политичка волја може да се решат сите проблеми и на иднината гледам со оптимизам, рече Пахор.

На состанокот на Процесот Брдо-Бриони присуствуваа и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.

Лидерите во заклучоците, меѓудругото ги поздравија пораките и конкретните предлози од Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан и потврдата за веродостојно проширување и зајакнување на ангажамнот на ЕУ со регионот. Особено го поздравија претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија, како конкретен израз на обновениот пристап на ЕУ кон регионот.

– Го охрабруваме решавањето на отворените прашања и спорови во духот на добрососедство и во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на средствата за мирно решавање, пред се, на постојаните меѓународни судови и трибунали и арбитражата, порачаа лидерите.

Состанокот на лидерите на Процесот Брдо – Бриони идната година ќе се одржи во Албанија. 


Извор: МИА

Tags: Брдо-БриониЕУ; Доналд ТускМакедонијаНАТОсостанок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ