• Latest

Орданоски: Македонија влегува во многу компликувана фаза!

February 2, 2017
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Орданоски: Македонија влегува во многу компликувана фаза!

February 2, 2017 19:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Изборите не се завршени. Овој настан е прерано организиран. Влегуваме во една компликувана фаза, која се плашам дека наскоро ќе добие и опасни димензии. Бидејќи гледаме дека во обидите да се фалсификува волјата на мнозинството граѓани во Македонија, почнаа да учествуваат и врвните институции во државата. Со директно упаѓање, не само со толкување, туку и во кршење – не само на законите, туку и на Уставот“, рече д-р Сашо Орданоски, експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денешната промоција на публикацијата, „Избори 2016: Финален извештај од долгорочното набљудување на политичките процеси и предвремените парламентарни избори“.

Д-р Орданоски ваквите заклучоци ги темели на како што рече „оваа авантура којашто ни ја подготвува претседателот на државата“.

„Ние навистина почнуваме да одиме по работ на една бездна, во којашто сакаат да не повлечат сите оние коишто мислат дека ако не продолжат да владеат со Македонија, завршува светот и векот, и дека нема потреба најверојатно ни Македонија да постои. Тоа е едната поента и затоа апелирам до ЦИВИЛ, да остане буден и со таков вигор и енергија, динамика кои што ги поседуваше“, порача д-р Орданоски.

Тој посочи и на втората поента, којашто рече дека токму е за ЦИВИЛ.

„Јас сум повеќе од 30 години во граѓанскиот сектор. Македонскиот граѓански сектор нема проблем со експертизи, последниве години или ако сакате деценија, бидејќи веќе се изградија експерти и од помладата генерација. Но, има проблем со базата, со конституенцата. ЦИВИЛ е различна организација од 95 отсто невладини организации во Македонија. Значи, тој квалитет што го има ЦИВИЛ, а тоа е контактот што го има со конституенцата, со луѓето, граѓаните, бидејќи тоа е – граѓанска организација, и е многу поважен отколку експертизите кои ние неколкумина, и други луѓе околу нас, се обидуваат да ги дадат на ЦИВИЛ. Во Македонија тоа не е проблем, располага со доволно паметни луѓе, но битно е како се распределени. Проблем е она што го говореше германската амбасадорка. Ние, за првпат на овие избори, доаѓаме во ситуација, барем во еден дел, да се победи стравот. Јас сакам да предупредам дека ако се потпадне под ваква манипулација, која пак, од друга страна е и легитимна, зашто сé уште владејачката партија има право да бара нови избори, ви гарантирам дека доколку тие организираат избори, ние нема веќе да имаме ниту вакви избори, за коишто имаме серија забелешки.

Тие никогаш повеќе нема да влезат во ризик, да им се случи да не добијат 63 пратеници, колку што бараат. И тоа е сега, храбрењето кон ДУИ. ‘Ајде сега да одиме кон нови избори, не се секирајте, нема да се повтори ситуација, во којашто нема да се формира влада. Тоа е една многу опасна тенденција, засилена многу, по вчерашната одлука на претседателот. Газиме на многу тенок мраз. Се надевам дека проектот на ЦИВИЛ ќе продолжи, ние наскоро ќе имаме потреба од продолжување на овој тип на мониторирање, затоа што мислам дека силите кои се трудат да не вратат назад, сé уште не се потценување…

Во таа смисла, јас му честитам на ЦИВИЛ за проектот. Честитам на Владата на Сојузна Република Германија што препознава вакви проекти и се надевам дека вакви моменти ќе можеме да споделуваме и во наредните години“, рече д-р Орданоски, на денешната промоција на публикацијата, која е резултат на опсежниот труд на ЦИВИЛ во мониторирање на изборниот процес во Македонија од сите аспекти.

Моника. Талеска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

Tags: IvanovавантураВлада на СР Германијаграѓанска организацијаизборимандатпроект за мониторирањеСашо ОрданоскистравЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ