„Во последните 27 години, во Македонија се оддржа 21 изборен процес, вонредните избори станаа правило… Не сме имале период од две години со политичка стабилност“, изјави членот на експертскиот тим на ЦИВИЛ, д-р Сашо Орданоски на денешниот јавен настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“.
Тој истакна дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ може да бидат изненадена ако има избори и оваа година.
„Прислушувани разговори може да има и други, бидејќи избеганите двајца поранешни припадници на МВР во Грција, не знаеме што чуваат и што поседуваат. Може во иднина да имаме компромитирачки материјали за власта, особено за дискредитација на Заев, оти гчледаме дека нападите се пресонализирани…“, рече Орданоски.
Тој ја истакна потребата да се стабилизираат политичките партии, зашто на Македонија и претстои период кој ќе биде повторно нестабилен.
„По решавањето на спорот со името, ќе видиме како ќе се позиционира и односот на меѓународната заедница кон Македонија, и од Запад, и од Русија, и од споседите… Мислам дека оваа есен ќе влеземе во една жестока политичка криза, од која, прва последици ќе трпи економијата… Бројни се и разочараните граѓани од новата власт, кои имаа повисоки очекувања по паѓањето на претходната власт“, рече, меѓу другото, Орданоски.