• Latest

ОРМ: Нов модел за вработување лица со попреченост нема да ја подобри нивната инклузија, туку само ќе ги зголеми давачките

November 11, 2021

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025
Елена Симонофски- „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија
извор: Фб

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

September 13, 2025

Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

September 13, 2025

Ројтерс: НАТО ќе ја зајакне одбраната на источниот брег на Европа откако Полска собори беспилотни летала

September 13, 2025

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОРМ: Нов модел за вработување лица со попреченост нема да ја подобри нивната инклузија, туку само ќе ги зголеми давачките

November 11, 2021 14:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Нов модел за вработување на лица со попреченост нема да ја подобри нивната инклузија, туку само ќе ги зголеми давачките, оценија Организацијата на работодававачи на Македонија (ОРМ) и Заедницата на заштитни друштва (ЗАПОВИМ) на денешниот состанок, во рамки на проектот „Деловен појадок“.

Тие сметаат дека Законот за вработување на инвалидни лица во пракса носи и повеќе од очекуваните придобивки во областа на вработувањето на лица со попреченост, како од економски, така и од социјален аспект.

-Пред да се размислува за воведување нов модел за вработување на лица со попреченост неопходно е институциите да направат сериозни и длабински анализи за тоа колку лица и со каков вид попреченост има во земјата, колку од нив се веќе подготвени низ формалниот процес на образование пред да се вклучат на пазарот на трудот, а колку треба да поминат низ стручна рехабилитација и поддршка за да стекнат соодветни вештини кои ќе им овозможат вклучување во работниот процес, велат од ОРМ и ЗАПОВИМ.

Тие сметаат дека се неопходни и промени кои ќе обезбедат соодветен пристап на овие лица во образовниот систем со што тие би биле поподготвени за вклучување на пазарот на трудот, како последна фаза во процесот на нивната рехабилитација.

Според нив, воведувањето нов модел без да се исполнат овие неопходни предуслови нема да ја зголеми инклузијата на лицата со попреченост во економијата, туку само ќе предизвика нарушување на постојниот систем за нивно вработување во заштитни друштва и ќе наметне дополнителен финансиски товар за целиот бизнис.

-Во моментов на пазарот на трудот нема доволен број лица со попреченост кои би се ангажирале од страна на работодавците. Но, и покрај ваквата фактичка состојба се предлага нов Закон за вработување на инвалидни лица кој предвидува воведување задолжителна квота за вработување на лица со попреченост во сите приватни компании со над 20 вработени во земјата или во спротивно ќе мора да се плати соодветен надомест на државата. Сметаме дека на ваков начин работодавците од приватниот сектор ќе бидат ставени во ситуација да плаќаат поради тоа што на евиденција на невработени лица во Агенцијата за вработување нема доволно лица со попреченост, вели претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска.

Членките на ОРМ и Заедницата на заштитни друштва – ЗАПОВИМ, како колективна членка, оценуваат дека воведувањето на оваа нова давачка е непотребно и крајно нелогично, затоа што, преку придонесот за вработување, компаниите веќе одвојуваат средства во Посебниот фонд за поддршка на вработувањето на лицата со попреченост кај сите работодавци, како и во заштитните друштва.

-Со воведувањето на новиот модел станува неизвесна и судбината на овие друштва кои вработуваат повеќе од 5700 вработени, од кои над 2500 се лица со попреченост, а кои во изминатиот временски период покажаа дека можат успешно да функционираат и затоа треба да продолжат со својот развој, а не да бидат сведени на социјални претпријатија или на реха-центри, велат во соопштение од ОРМ и ЗАПОВИМ.

Тие сметаат и дека постојниот Закон за вработување на инвалидни лица ја дава можноста работодавачите да вработуваат лица со попреченост во приватниот сектор, во јавни претпријатија, установи, агенции, фондови и останати субјекти, како и да се самовработуваат.

-Она што недостига е поттикнување на вработувањето на овие лица со соодветни политики и активни мерки, како и искористување на постојните решенија во законот – за адаптација на работното место, работно оспособување, ангажирање на работен асистент и други решенија кои не се искористени во доволна мерка, оценуваат организациите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ