ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска одржа инфо-штандови во Старата скопска чаршија, пред платото на ЈИЕ, на „Улица Македонија“ и во близина на бизнис центарот „Палома бјанка“ во Скопје, во рамки на проектот „Ослободи го умот“ кој е посветен за спротивставуавње на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани.
Активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓан(к)ите разговараа и ги информираа како да ги препознаат и да преземат ефективни акции против дезинформациите и пропагандата, како и за штетните ефекти од руската пропаганда, ултранационализмот, ксенофобијата, и политиките на поларизација и насилство, медиумите и креаторите на јавното мислење.
Едукативните и информативни материјали за борба против дезинформациите и пропагандните наративи што ги делеа активист(к)ите на ЦИВИЛ беа на македонски, албански и ромски јазик.
#ОслободиГоУмот
#LirojeMendjen
#TromalkerenTumariGodi
ЦИВИЛ