• Latest

Ослободителна пресуда за активист на Шарената револуција од Прилеп

January 8, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ослободителна пресуда за активист на Шарената револуција од Прилеп

January 8, 2017 15:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со ослободителна пресуда финишираше првиот од четирите судски спорови коишто се водат во Основниот суд во Прилеп, против активистот на Шарената револуција, Жарко Стеваноски. Прилепската полиција го товареше за сторен прекршок, согласно со член 191 од Законот за безбедност на сообраќајот, зашто на асфалтот на улицата, точно пред зградата на Општина Прилеп, го напишал графитот – „Че си лежите“.

zhare-ke-si-lezhite

И кога полицијата, една по друга, му ги поднесуваше прекршочните пријави во Основниот суд, Стеваноски, кој е адвокат по професија, тврдеше дека не го сторил прекршокот за којшто го товарат. Улицата за време на протестите беше затворена за сообраќај, а за тоа сведочеа илјадници граѓани.

„Очекуван е овој судски исход, и со примена на законот. Со оваа пресуда не се определени трошоците, согласно со адвокатската тарифа. Затоа ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд. Средствата ќе ги искористиме за да се открие вистината пред граѓаните, во однос на тоа, колкави штети врз општинската зграда се предизвикани со протестите на Шарената револуција. Локалните власти шират дезинформации за тоа, со намера да предизвикаат револт кај граѓаните. Протестите имаа исклучиво слободарски дух, за враќање на демократијата и во ниту еден момент не беа со намера да предизвикаат реална штета, туку беа симболичен приказ на незадоволството на граѓаните од политиките кои повеќе од една деценија ги применуваат локалните и централната власт“, објаснува граѓанскиот активист од Прилеп.

Во тек се трите други судски спорови, за кои Стеваноски, исто така, очекува ослободителни пресуди.

„Очекувам да бидат донесени ослободителни пресуди, зашто од изјавата што ја даде во оваа постапка заменик командирот на униформираните полициски службеници, неспорно произлезе дека протестите се одржувале на идентичен начин. Се докажа дека сообраќајницата пред општинската зграда во Прилеп беше блокирана за време на протестите и преку неа не се одвиваше никаков сообраќај. А, со тоа се потврди фактот дека во конкретниот случај за време на одржување на протестите сите денови во Прилеп, сообраќајот не би можел да биде загрозен на ниту еден начин“, вели Стеваноски.

zhare-so-maitsa-sjo-600x451

Адвокатот Стеваноски поаѓајќи од својата граѓанска должност, долго време води битка пред законот со локалните власти. Поднесе четири кривични пријави против градоначалникот Марјан Ристески и против други локални функционери до Основното јавно обвинителство во Прилеп. Иако смета дека претставниците на законот во Прилеп, се под голем притисок на власта, тврди дека во прилепскиот Основен суд и ОЈО има професионалци, кои без поговор го почитуваат словото на законот.

„Правдата ќе победи, порано или подоцна, вистината ќе се дознае, и казната секој ќе ја добие“, категоричен е адвокатот Стеваноски, еден од најистакнатите борци на Шарената револуција во Прилеп.

Моника Талеска

Tags: кривична пријаваМакедонијаОсновен судЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ