ДУИ е заштитничка на Рамковниот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, имајќи клучна улога на патот на државата кон Европската унија, порача на прес конференција портпаролот на партијата Бујар Османи.
Османи, осврнувајќи се на коалицијата на СДСМ со БЕСА и изјавата на Зоран Заев дека нема да дозволи повеќе да бидат уценувани како партија, посочи дека ДУИ уценувала, но, не за лични, туку за интересите на граѓаните.
-ДУИ беше кормиларот, и тогаш кога имаше дилеми ДУИ го држеше кормилото да се запази евроатланскиот курс. Во последно време се зборува за некакво уценување кое го прави ДУИ кон македонските политички партии па дури сега и двете политичлки партии ги повикуваат граѓшаните да освојат 61 пратеник за да не ги уценува ДУИ. Ако уценување е потребата од решавање на името и потребата од отворање на патот кон НАТО, ако уценување е потребата за потпишување на договор со Бугарија, ако уценување е поднесувањето на Законот за јазици за да се релаксираат меѓуетничките односи, да, ДУИ уценуваше, но никогаш за себе, никогаш за партијата секогаш за интересите на граѓаните, секогаш за потребата државата да оди напред. Сме условувле формирање на влади со тие прашања, но денеска токму тие прашања не донесоа во НАТО, рече Османи.
За Османи, предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА е непринципиелна, сметајќи дека политичките калкулации што се прават имаат за цел опстојување на партиите на политичката сцена. Тој порача дека во моментот се насочени кон гласачите, а за коалиции ќе размислуваат по изборите во април, притоа не исклучувајќи ја можноста за постизборна коалиција со СДСМ.
Петар Клинчарски