• Latest

Османи е оптимист дека ќе има двотретинско мнозинство за уставни измени

July 6, 2023
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025

Европа „слетa“ во Тирана, опозицијата на Бериша протестира против изборите

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Forbes Breaking News

Рубио: САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа 

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи е оптимист дека ќе има двотретинско мнозинство за уставни измени

July 6, 2023 21:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека има разговори за уставните измени со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, дел од идеолошко крило на партијата и луѓе помеѓу пратеничката група.

-Да. Меѓутоа, затоа реков таа е цела една идеолошка линија, луѓе коишто таму дебатираат и луѓе помеѓу пратеничката група, рече Османи во интервју за ТВ Канал 5.

Османи продолжи дека тие пратеници на дневна основа разговараат со нивните пратеници.

-И се разбира, не работи што ги кажуваат јавно. Меѓутоа, јасно е разбирањето и тоа мене ми дава оптимизам. Јасно е разбирањето, прво, дека ова е добро решение за нас, ова е најдобрата формална манифестација на нашиот наратив по однос на Бугарија, дека се тие три илјади тука една малцинска заедница која што треба да ги има сите права и привилегии и во таков однос со мнозинскиот македонски народ и се разбира останатите делови од народ. И, второ, тоа што исто така ми дава оптимизам – имаат разбирање за последиците, рече Османи.

На прашањето кои се тие луѓе (пратеници), министерот за надворешни работи рече дека се надева оти ќе ги видиме на денот на гласањето на уставните измени.

– Јас се надевам дека ќе ги гледаме на денот на гласањето затоа што често кажувам дека никој нема да сака неговото име да биде запишано во историјата како човек којшто ја изолирал европската перспектива на државата. Затоа што едно треба да ни биде јасно. Без уставни измени ние треба да заборавиме на Европска унија. Ако некој е спремен да ја закопа европската иднина и кажете ми вие како ние ќе продолжиме без Европската унија. До сега, ќе кажете, па така сме биле и порано, рече Османи.

Доколку не бидат изгласани уставните измени, тој потенцира дека за првпат формално ќе прекинат односите со ЕУ и дека нема да има преговори понатаму.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Османи сонува дека некој од пратениците на опозициската партија ќе поддржи уставни измени, министерот вели дека можеби ќе се разбуди Мицкоски кога на телевизија ќе гледа како поминуваат уставните измени.

-Јас кажав во една прилика дека првпат идејата за уставни измени како решение на односите со Бугарија сум ја чул од висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и тоа на почетокот само што станав министер за надворешни работи почнав да се консултирам со луѓе и поканив и луѓе од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и таму беше, на тој разговор беше изразена идејата дека направивме грешка во 2001 кога се промени Уставот што не ги внесовме тогаш Бугарите. Неговиот став беше досега ќе имаше јасна и формална дистинкција по однос на мнозински македонски народ и бугарско малцинство кое што ќе си добиваше облик, форма итн. И така се разви таа идеја. Бугарите прво беа против. Значи, тоа беше време на владата на Борисов, апсолутно го отфрлија како начин на решавање на проблемот за да потоа влезе во машината како еден вид на решение. Таа линија, таа идеолошка линија која го даде предлогот постои таму и тие разговори, рече Османи.

На забелешката дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени, а Владата ја прифатила оваа обврска, Османи вели: Ние ја прифативме обврската и со Преспанскиот договор дека ќе го смениме Уставот и го сменивме Уставот“. На прашањето дали сега ќе биде исто, тој вели „се разбира“.

Османи вели дека доколку не успеат уставните измени, тие не можат да имаат одговорност заради тоа што „едно политичко раководство кое што целата држава, иднината, граѓаните ги става во заложништво на својата политичка кариера“.

-Треба да сносат одговорност тие што свесно ја кочат европската иднина на државата, ја изолираат во овие тешки геополитички случувања во нашиот континент и во Европа и ја ставаат во група на земји со отворени прашања коишто прво треба да ги решат билатералните прашања, да ги затвораат, а после да продолжат, рече Османи.

Сепак, тој вели дека избори во редовниот термин ќе има идната година во јуни или мај и дека граѓаните ќе проценат кој имал чесни намери и кој се жртвувал. Барањето за предвремени избори на ВМРО-ДПМНЕ стои, додаде Османи, но побара прво да се изгласаат уставните измени и во истиот ден да се распушти Парламентот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Османиуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ